• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Собери ги сите познаници да се ослободиме од оваа“: Мајката на претепаната Сара од Охрид со потресно сведоштво

16 ноември 2026, 09:23
  • cподели

Случајот со брутално претепаната Сара од Охрид добива уште пострашни димензии по јавното сведоштво на нејзината мајка Ирена Ѓорѓиеска.

Младата девојка, која била нападната од својот партнер по излегување во ноќен клуб, сè уште е во болница, а нејзината мајка изнесе потресни тврдења за случувањата во моментите кога Сара била во животна опасност.

Во јавна објава, нејзината мајка Ирена Ѓорѓиеска сподели детали за случувањата за време и по нападот, изразувајќи страв за безбедноста на својата ќерка.

Како што тврди таа, Сара додека била во беспомошна состојба слушнала тешки зборови од осомничениот: „Собери ги сите познаници да се ослободиме од оваа, дали да ја фрлам во некоја провалија?“ – наводно рекол тој во телефонски разговор.

Ирена наведува дека ќерка ѝ била оставена без помош, дека телефонот ѝ бил искршен, а осомничениот во еден момент наводно побарал и нож за да ја „докрајчи“.

Како мајка и родител, чувствувам потреба јавно да се обратам во името на мојата ќерка Сара, која сè уште се наоѓа во болница. Таа, наместо да се грижи за своето здравје и закрепнување, живее во страв и неизвесност за сопствената безбедност.

Дополнителна вознемиреност и страв предизвикува фактот што маминото синче кое е виновно за се ова синоќа бил пуштен на слобода, тој е син  на Љубинка Корабоска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), предложена на таа функција од ВМРО-ДПМНЕ, и на Гоце Корабоски, инспектор во УЈП, за кого се зборува дека има блиски релации со Мицкоски.

Маминото синче постојано се фалело дека, без оглед на тоа што ќе се случи, неговите родители се доволно моќни за „да средат“ сè. 

Она што дополнително ја прави целата ситуација уште пострашна се околностите поврзани со постапувањето на неговиот татко. Во моментот кога мојата ќерка била во бессознание, Кристијан, мислејќи дека таа е мртва, стапил во контакт со својот татко, барајќи помош како да се ослободи од нејзиното тело.

Неговиот татко му давал насоки како да се ослободи од телото на мојата ќерка.

Пред сето тоа, нејзиниот телефон бил намерно искршен, со што ѝ била одземена можноста да повика помош и да побара спас. 

„Собери ги сите познаници, да го прикриеме нештово и да се ослободиме од оваа, дали да ја фрлам во некоја провалија?“

Ова се зборови кои Сара ги слушнала во момент кога се наоѓала во крајно беспомошна состојба. 

Во целата оваа ситуација се споменува и неговата тетка, мајка на две ќерки, која, контактирала со болницата во која моментално е сместена Сара, со цел да се влијае врз медицинскиот извештај и да се ублажи сериозноста на повредите, како Сара да била само малку изгребана.

Навистина е поразително особено кога станува збор за жена која и самата е мајка на две ќерки.

Посебно загрижувачки се и постапките на лицата од неговото опкружување, кои одбивале да ја однесат во болница, иако таа самата ги молела за помош. Наместо да покажат минимум човечност и да ѝ помогнат на повредена девојка, тие одбиле да реагираат.

Уште пострашно е сведочењето дека во тој момент Кристијан побарал нож и сакал да ја „докрајчи“.

Најголемата среќа во целата оваа трагедија е што Сара дошла при свест пред напаѓачот да успее да ја однесе и да ја фрли во некоја провалија. Токму затоа, кога сфатил дека таа се освестила, ја фрлил на улица.

До кога ќе дозволуваме некој да мисли дека може да прави што сака, да избегнува одговорност и да се чувствува недопирлив само затоа што зад себе има партиски врски, моќни родители и познанства? 

На 31-годишниот Кристијан Корабоски Основниот суд во Охрид му определил мерки на претпазливост.

Најнови

  • Аврил Лавињ стана мајка на 42 години, доби ќерка со мистериозниот партнер

    Mon, 11/16/2026 - 09:23
  • „Собери ги сите познаници да се ослободиме од оваа“: Мајката на претепаната Сара од Охрид со потресно сведоштво

    Mon, 11/16/2026 - 09:23
  • „Мали борци од неполни 2 кг, кои пораснаа во големи деца“: Маја Кикириткова за нејзините предвреме родени дечиња

    Mon, 11/16/2026 - 08:58
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.