• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Сакав да го направам невозможното можно и успеав“: Македонката Ивана стана Ариел во дизниевиот мјузикл „Малата сирена“ во Австрија

27 ноември 2026, 12:55
  • cподели

Некои соништа се раѓаат уште во детството, тивко растат со нас и чекаат да дојде вистинскиот момент за да станат реалност.

Македонската оперска пејачка Ивана Здравкова си ја оствари долгогодишната желба и ја одигра Ариел во дизниевиот мјузикл „Малата сирена“ во „Театарот Баден“ во Австрија.

Станува збор за историски првата изведба на мјузиклот „Малата сирена“ на германски јазик, а за Ивана ова остварување има уште поголемо значење. Таа стана првата Македонка, како една од двете единствени во германското подрачје, кои ја извеле оваа улога.

Љубовта кон дизниевата музика кај неа започнала уште во средношколските денови.

„Пеам песни од Дизни принцезите многу долго време. Се сеќавам на времето од средно музичко училиште кога со еден соученик ја пеевме 'A Whole New World' од Аладин на пијано, или 'I Can Go the Distance' од Херкулес или 'Colors of the Wind' од Покахонтас!

Подоцна, за време на пандемијата, почнав да снимам аудио и видео снимки за YouTube. Тоа беше креативен начин да продолжам да создавам музика и да пеам кога сите театри беа затворени, исто како многу мои колеги кои одеднаш почнаа да снимаат видеа за социјалните медиуми“ - изјави Ивана за Фемина.

„Музиката и текстовите на Дизни се сонувачки и полни со надеж. Мислам дека токму тоа внесе малку магија во секојдневието во тој период и за мене и за луѓето на моите канали“ - раскажува Ивана.

Меѓу песните кои ги сними беше и „Part of Your World“, една од најпрепознатливите песни на Ариел. Неколку години подоцна, токму таа песна повторно ѝ го отвори патот кон дизниевата магија.

„Кратко потоа, слушнав дека новиот уметнички директор кој ќе доаѓа во театарот, сакал да го донесе токму тој мјузикл во Градскиот театар Баден!

Една година подоцна, имав можност да направам информативна аудиција за Андреас Герген, каде што ја отпеав оваа песна за прв пат, и тој беше пријатно изненаден од тоа колку добро пеам Дизни песни!

Едно нешто водеше кон друго, и сега еве ме како Ариел во Првата изведба на германски јазик на Дизни 'Малата сирена' во театарот Баден!

Соништата можат да се остварат!

Тешко можам да поверувам, но срцето ми е преполно со радост и магија!“ - дополнува таа.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Ivana Zdravkova (@ivanazdravkova)

Патот до оваа улога, сепак, не бил едноставен. Ивана во Театарот Баден веќе има изградено сериозна кариера, со повеќе оперски и оперетни улоги, меѓу кои Мими, Микаела, царицата Јозефина и улогата во „Циркуската принцеза“. Во периодот кога се подготвувала за Ариел, истовремено настапувала и во други продукции, вклучувајќи ја главната улога на Нинон во „Љубичицата од Монмартр“.

Дополнителен предизвик бил фактот што настапувала како втора постава и немала многу проби, ниту можност да ја помине целата претстава со ансамблот и оркестарот. Ја очекувале брзи промени на сценографијата, костимите, кореографии и многу сценски влегувања и излегувања.

Но, токму тој предизвик ѝ донел уште поголема сатисфакција.

„Не беше лесен пат, но низ сето тоа научив многу и се зајакнав како уметник. Успехот е, секако, уште посладок!“ - вели Ивана.

На сцената имала можност да покаже и други свои способности. Иако како дете во Австралија учела танц само неколку години, во претставата изведувала три различни кореографии – степ, салса и валцер.

На нејзината изведба на 19 ноември присуствувале и критичари од реномирани публикации, меѓу кои и германскиот BroadwayWorld. Особено ги импресионирала нејзината подготвеност и сигурност на сцената, имајќи ги предвид ограничениот број проби и комплексноста на претставата.

Сценографијата, огромниот брод кој се трансформира во различни делови од подводниот и надводниот свет, костимите, светлосните ефекти и проекциите придонеле за вистинско Дизни доживување.

„Мислев дека ќе биде само стресна вечер во која ќе треба да преживеам поради сите излези, кореографии и брзи пресоблекувања без претходна проба. Но, помина толку добро! Навистина уживав и се забавував, како да сум на забава во Дизниленд“ - раскажува таа.

А колку Ивана се пронаоѓа во ликот на Ариел? Повеќе отколку што можеби би претпоставиле.

Таа вели дека се препознава во нејзината љубопитност, радоста за малите нешта и нескротливата желба да ги следи своите соништа, дури и кога другите не веруваат во нив.

„Јас сум сонувач како неа и сонувам за најневозможните работи. Кога некој ќе ми каже: ‘Ај престани да фантазираш, ништо нема да произлезе од тоа’, длабоко во себе знам дека ќе биде можно. Тоа не ме обесхрабрува. Нешто во мене ми вели: ‘Ќе видиш!’“

Токму затоа, нејзината најсилна порака е и онаа која ја носи приказната на Дизни: „Соништата можат да се остварат“.

„Сакам да го направам невозможното можно и секогаш успевам во тоа!“ - вели Ивана.

To view this video please enable JavaScript, and consider upgrading to a web browser that supports HTML5 video

To view this video please enable JavaScript, and consider upgrading to a web browser that supports HTML5 video

To view this video please enable JavaScript, and consider upgrading to a web browser that supports HTML5 video

Tags
Ивана Здравкова

Најнови

  • „Сакав да го направам невозможното можно и успеав“: Македонката Ивана стана Ариел во дизниевиот мјузикл „Малата сирена“ во Австрија

    Fri, 11/27/2026 - 12:55
  • „Почна да ми кажува дека не е женет, а има ќерка“: Нина Ред за непријатната средба со повозрасен маж

    Fri, 11/27/2026 - 11:25
  • Кики Мукаетова

    Кики Мукаетова исчекорува на светската сцена: Младата Македонка меѓу финалистките на Women in Tech Global Awards 2026

    Fri, 11/27/2026 - 10:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.