• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Почна да ми кажува дека не е женет, а има ќерка“: Нина Ред за непријатната средба со повозрасен маж

27 ноември 2026, 11:25
  • cподели

Нина Славковска, позната како Нина Ред, сподели непријатно искуство од неодамнешна средба, со цел да послужи како „аларм“ за другите девојки и жени.

Водителката на Reset раскажа како запознала постар маж на околу 70 години на место на кое ги познава и почитува домаќините. По запознавањето, тие закажале средба, за која Нина мислела дека ќе биде деловен разговор, но не било така.

На средбата следувале низа несакани лични прашања, нарушување на границите и непријатни коментари, поради што одлучила да го прекине разговорот и да си замине.

Надоврзувајќи се на искуството, таа порача дека дури и кога некој изгледа уверливо, важно е да се препознаат црвените знамиња навреме и да се постават јасни граници.

Во продолжение ви го пренесуваме нејзиниот текст објавен на Instagram Story:

Имав не толку пријатна ситуација од пред некој ден. Се мислев дали да споделам, но си реков може ќе е „аларм“ за некој друг таму.

Запознав постар човек кој го немам сретнато никаде, на место каде домаќините ги сакам и почитувам неизмерно. Човекот и кај нив непокането си влегол на работното место, иако многу делува уверливо. Ме фати како снимам содржина, беше заинтересиран да ме запознае. Зборевме за поткастот, разменивме контакт и мислев дека се сè врти околу работата. Барем така се претстави. Истиот тој ми ѕвони ден потоа, сум му делувала на позитивна, сакал да ме види во сабота. Поставив граница, дипломатски одговорив, во свој стил, дека викендот сум зафатена, ајде во понеделник. Тука сè уште сум убедена дека станува збор за работа. 

Доаѓа понеделник, јас во тефтер имам запишано состанок (секогаш договарајте средби каде што се движат луѓе, па и да ги знаете домаќините на тие кафулиња, побезбедно ќе се чувствувате, тоа и го направив). 

Се сретнуваме и прв 🚩 flag - сам ми ја зеде ташната да ја префрли на другата страна, без да ме праша. Можам и сама, но причината била има „пречка“ меѓу нас. Ако ме разбирате. Мојот израз на лик не сакате да го видите. Мртва сериозна. Не реагирам само набљудувам гестикулација. 

Тука доаѓаа следните 🚩 flags. Почна да ме прашува кое годиште сум, дали сум мажена, колку години имам, да ми кажува како тој не е женет, а има ќерка и ми ја покажува. Дека ова со фемицидот е 99% лажно пријавено. 🤦🏻‍♀️ 

Последен 🚩 flag беше кога ме праша зошто сега не сум позитивна како што ме запознал, туку го гледам сериозно. Го прекинувам и му велам, „Мислев дека ова е деловен состанок, дека ќе зборуваме за работа. Се извинувам, но не ве познавам за да ви оддавам лични работи.“ На што тој ми рече „А колку време треба да помине за да сме блиски како што сте со другите?“

КРАЈ. Станав и си заминав.

ПС: човекот има 70 ко ништо.

Wooooow, каква слобода!   

Moral of the story:

И да изгледаат уверливо, не верувајте. До некаде, здраво е да имаш сомнеж.

Препознавај сериозни 🚩 flags предвреме, постави граница, стани и замини си!

Толку психолози, толку книги, толку светски поткасти, толку конференции, толку едукација е актуелна во светов, да е поразувачки да мислиме дека не можеме да препознаеме.

На секој може да му се случи, жив свет е, се движиме, меѓу луѓе сме.

А по актуелните случувања, не е морално дека треба да излагам овде и да давам мое гледиште, но бидејќи водам поткаст за ментално здравје, некои работи не можам да ги игнорирам кога се во сржта на тематиката која ја обработуваме.

На машкото и женското ментално здравје, драги пријатели, треба мноооогу да се работи и ова на што сведочиме е последица на ниска самосвест и популарното „не работа на себе“. Ова е тема на која не сум компетентна да зборувам, сум дел од системот, го барам одговорот, само набљудувам и учам, но затоа меѓу нас има многу психолози, психотерапевти кои и тоа како ни се потребни како соработници во приказнава.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Ninna (@ninnared)

Tags
Нина Ред

Најнови

  • „Почна да ми кажува дека не е женет, а има ќерка“: Нина Ред за непријатната средба со повозрасен маж

    Fri, 11/27/2026 - 11:25
  • Кики Мукаетова

    Кики Мукаетова исчекорува на светската сцена: Младата Македонка меѓу финалистките на Women in Tech Global Awards 2026

    Fri, 11/27/2026 - 10:30
  • „Ми навираат солзи во очите“: Џенифер Лопез пресреќна откако децата се вратија дома од колеџ за Денот на благодарноста

    Fri, 11/27/2026 - 10:01
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.