„Ми навираат солзи во очите“: Џенифер Лопез пресреќна откако децата се вратија дома од колеџ за Денот на благодарноста
Џенифер Лопез го помина Денот на благодарноста во кругот на семејството, а празничната атмосфера ѝ беше особено специјална поради враќањето на нејзините близнаци дома од колеџ.
57-годишната пејачка сподели фотографии од семејниот собир и откри дека децата Макс и Еми се дома за викендот. По нивното заминување на колеџ во септември, ова беше посебен момент за Лопез, која претходно зборуваше за емоциите кои ги доживеала кога ги испратила да започнат ново поглавје од животот.
„Се разбудив благодарна, во дом полн со семејство, со моите деца кои спијат во соседната соба, повторно дома од колеџ за викендот 🥰. Подготвена сум да готвам и да уживам во сите традиции на овој ден, но најважната работа на која денес размислувам е благодарноста.
Овој ден отсекогаш бил посветен на благодарноста, а никогаш досега не сум била поблагодарна за сета љубов во мојот живот и за прекрасниот живот кој го живеам покрај моите најблиски. Вечерва е особено посебна затоа што, кога бев мало девојче кое растеше во Њујорк, го сонував овој ден повеќе од кој било друг. Секоја година, на Денот на благодарноста, седев пред телевизорот и го гледав ‘West Side Story’ со мајка ми и сестрите, сонувајќи дека еден ден и јас ќе можам да пеам, да танцувам, да глумам и да бидам дел од тој свет.
А денес можам да седам пред телевизорот со моето семејство и да го гледам сопственото шоу, во исто време и на истиот ден. Затоа, да кажам дека ова е момент во кој сè се заокружува е премалку – ова е буквално остварен сон. Толку сум ви благодарна на сите кои сте дел од ова патување со мене сите овие години. Ми навираат солзи во очите кога ќе помислам на сета љубов која успеавме да ја споделиме низ годините и на сите убави моменти. Сето тоа кулминира вечерва. Седиме на каучот и подготвени сме да гледаме!
Ви благодарам многу за сè, и ви благодарам што го гледате „THE JLO SHOW“. Не заборавајте да ме означите на фотографиите од вашите забави додека го гледате шоуто, а јас ќе ги споделам повторно
🫶 Ве сакам повеќе отколку што можам да опишам со зборови – напиша таа на Instagram.
Лопез ги доби близнаците во 2008 година со поранешниот сопруг Марк Aнтони. Таа неодамна призна дека нивното заминување од дома било едно од најемотивните искуства во нејзиниот живот, но и дека новата фаза ѝ носи чувство на слобода и можност повторно да се посвети на себе.
