Михајло Верувиќ, познат како Војаж, неодамна стана татко. Убавата вест одекна во јавноста пред три недели, а српските медиуми тогаш потенцираа дека неговата вереница се породила една недела претходно.
Иако првично не се знаеше која е мајката на бебенцето, подоцна беше откриен нејзиниот идентитет. Станува збор за манекенката Кристина Станков.
Парот деновиве уживаше во зимски одмор и скијање, а Војаж на Instagram сподели албум со фотографии.