Тропска прослава: Хејли Бибер го прослави 30-тиот роденден на Бахамите со сопругот Џастин и пријателките Кендал и Кајли Џенер
Хејли Бибер зачекори во четвртата деценија од животот со луксузно патување на егзотична дестинација.
Познатата манекенка и претприемачка го прослави својот 30-ти роденден на Бахамите во друштво на сопругот Џастин Бибер и најблиските пријателки, меѓу кои и сестрите Кендал и Кајли Џенер.
Роденденската прослава вклучуваше уживање на јахта, забави на плажа и спектакуларен огномет.
Хејли сподели серија фотографии од тропското патување, на кои позира во златно бикини, наметка со животински принт и сламен каубојски шешир.
Посебно романтични се фотографиите на кои славеничката разменува нежности и бакнежи со својот 32-годишен сопруг додека небото зад нив е осветлено од огномет.
За вечерната прослава, Хејли избра впечатлива модна комбинација од зелен топ со златни врвки и панталони со животински принт од колекцијата пролет/лето 2027 на Роберто Кавали.
Славеничката се пофали и со својата роденденска торта на два ката во црвена боја. Таа откри дека со пријателките организирале и натпревар за најубава торта, па ги повика своите следбеници да гласаат за нивната омилена.
Меѓу гостинките на прославата беа и актерката Камила Мороне и пејачката Џастин Скај.