• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Да изневериш бремена жена е сосема друго ниво на зло“: Сопругата на Мануел Нојер сподели порака по нивната разделба

27 ноември 2026, 13:25
  • cподели

Мануел Нојер деновиве е во центарот на медиумското внимание по гласините дека се раздели со сопругата Аника по породувањето.

40-годишниот голман на Баерн Минхен и поранешната ракометарка се разделиле само 3 месеци по раѓањето на нивниот втор син во август годинава. 

Дополнителни шпекулации се појавија откако Нојер беше фотографиран во Бразил во друштво на 23-годишна жена, за која германскиот „Билд“ пишува дека е физиотерапевтка со која тој соработувал за време на закрепнувањето од повреда.

Медиумите објавија дека тие наводно поминале време заедно во Сицилија кон крајот на септември, а овие информации дополнително ги разгореа гласините за причините за разделбата.

can somebody tell me why manuel neuer is in brazil https://t.co/lW9zXPWrR2

— franziska (@neullerlovv) November 20, 2026

Simplesmente Manuel Neuer no Mc Donalds de Búzios, driblando qualquer tipo de imprensa do Brasil, uouuu @FCBayernXtra @futebol_info @DataFutebol @BundesInsider https://t.co/DGcUvzRctD

— luanel (@luanszszsz) November 19, 2026

Сред скандалот, Аника сподели порака за неверството, која на социјалните мрежи беше протолкувана како реакција на случувањата.

„Да изневериш бремена жена е сосема друго ниво на зло.

Замисли да гледаш во жената која ти го носи детето, да гледаш како телото ѝ се менува, како се бори, се заморува и поминува низ сè што носи бременоста, а сепак да имаш смелост да ја изневериш зад нејзиниот грб.

Таа го носи ТВОЕТО дете, додека ти се забавуваш со некоја друга. Жената која треба да се чувствува сакано, заштитено и поддржано, наместо тоа останува сама да се справува со болката која ѝ ја нанесе.

Тоа не е ‘грешка’. Тоа е избор. Себичен, бездушен и бесчувствителен избор.

Ако можеш да ја предадеш жената која ти носи дете, особено кога ѝ си најпотребен, тогаш не ти недостасува само лојалност, туку и основна пристојност и почит. ОДВРАТНО“ – стои на фотографијата која Аника ја респодели на својот профил.

Нојер засега не ги коментирал јавно наводите за неговиот приватен живот.

Мануел и Аника направија свадба во јули 2025 година. Нивното прво дете, Лука, се роди во март 2024 година, а вториот син го добија во август 2026 година.

Tags
Мануел Нојер
Аника Нојер

Најнови

  • „Да изневериш бремена жена е сосема друго ниво на зло“: Сопругата на Мануел Нојер сподели порака по нивната разделба

    Fri, 11/27/2026 - 13:25
  • „Сакав да го направам невозможното можно и успеав“: Македонката Ивана стана Ариел во дизниевиот мјузикл „Малата сирена“ во Австрија

    Fri, 11/27/2026 - 12:55
  • „Почна да ми кажува дека не е женет, а има ќерка“: Нина Ред за непријатната средба со повозрасен маж

    Fri, 11/27/2026 - 11:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.