За многу кратко време ви доаѓаат гости на вечера, а вие забележувате дека подот во дневната соба има траги од исушена нечистотија и забележлива ситна прашина што се собрала во аглите. Во фрижидер сте ставиле да се лади убаво вино, сте подготвиле убава храна, сте ја декорирале масата, со надеж дека ќе оставите добар впечаток на гостите. Но, нечистотијата во аглите ве вознемирува, и се прашувате дали гостите истото би го забележале. Имате уште 30-тина минути до нивното доаѓање, а сè уште не сте се ни облекле!
Оваа ситуација би била вознемирувачка ако ја немавте новата иновативна рачна правосмукалка Miele Triflex HX3 Wet & Dry, која идеално се вклопува во динамичниот живот исполет со секојдневни предизвици. Со неа за кратко време, брзо и едноставно без да се испотите ќе ги исчистите нечистотиите по аглите, а со нејзиниот додаток Аqua Twister иновативно решение за влажно чистење кое вклучува две ротирачки подлоги со 360° осветлување ќе ги поминете плочките.
Ви останува време и да се спремите, и подготвени да ги пречекате гостите, и да уживате во текот на вечерта.
Вашиот под блеска, нема прашина по аглите, а вие не сте потрошиле многу време, ниту сте се измориле.
Рачната безжична правосмукалка Miele Triflex HX3 Wet & Dry идеално се вклопува во модерниот дом, кога сакаме да оставиме впечаток пред гости, или едноставно кога сакаме да уживаме во чист и уреден дом, а тоа да не биде поврзано со голем напор. Овој модел нуди два начина на чистење, модел за моќно суво чистење и Aqua Twister модел за длабинско влажно чистење, и работи до 67% подолго време во споредба со претходната Triflex HX2 серија.
Чистењето станува поорганизирано и предвидливо, и ефикасно дури и против тврдокорни дамки или поголеми наталожени нечистотии.