Македонските претставници Катарина Јовановска и Јасмин Мустафоски освоија вкупно три титули на престижниот меѓународен избор за убавина Miss & Mister Planet 2026, кој изминатиот викенд се одржа во Тбилиси, Грузија.
Во женска конкуренција, Македонија ја претставуваше тетовчанката Катарина Јовановска, која со својот настап, харизма и елеганција оствари значаен успех, освојувајќи ја титулата трета придружничка.
Одличен пласман забележа и македонскиот претставник во машка конкуренција, Јасмин Мустафоски од Охрид, кој се закити со две титули – четврти придружник и најдобар фотомодел (Best Photo Model).
На годинешното издание на Miss & Mister Planet, титулата во женска конкуренција ја освои претставничката на Романија, додека во машка конкуренција победи претставникот на Индија.
Катарина и Јасмин се членови на Модното студио „Црнокрак“, кое е официјален носител на лиценцата за Македонија за овој престижен светски избор за убавина.