Дуетот кој го очекуваше целиот Балкан: Јаков Јозиновиќ и Џејла Рамовиќ ја објавија заедничката песна „Сузе“
Долгоочекуваниот дует на Јаков Јозиновиќ и Џејла Рамовиќ конечно пристигна.
21-годишниот пејач и 24-годишната пејачка штотуку ја претставија својата прва заедничка песна, заедно со видеоспотот кој нивните обожаватели со нетрпение го очекуваа.
По неколкудневните мистериозни објави на социјалните мрежи, со кои ја заинтригираа регионалната публика, младите музички ѕвезди ја објавија песната „Сузе“.
Нивната блискост во неколку наврати ги поттикна шпекулациите дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство, но двајцата досега ниту потврдиле ниту демантирале дека се во љубовна врска.