• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Брат ми беше покриен со чаршаф, а татко ми веднаш рече: Го задушиле“: Исповед на сестрата на Кристијан Периш за неговата смрт во психијатриска болница

20 ноември 2026, 10:37
  • cподели

Смртта на 32-годишниот Кристијан Јосип Периш во Психијатриската болница „Свети Иван“ во Загреб предизвика бурни реакции и отвори низа прашања.

Неговото семејство бара одговори за околностите во кои починал, а неговата помлада сестра Михаела Периш во ексклузивна исповед за хрватскиот „Јутарњи лист“ откри детали за кобната ноќ, разговорите со медицинскиот персонал и моментот кога за последен пат го видела својот брат.

Михаела, која има 25 години, раскажува дека последно со Кристијан се виделе само неколку дена пред трагедијата. Тој бил особено емотивен, ѝ кажувал колку ја сака и со нетрпение го очекувал раѓањето на бебето. Неговата свршеница била бремена, а семејството се радувало на новата животна улога која требало да ја добие. За жал, таа го изгубила бебето по трагедијата.

На 21 октомври, Кристијан бил однесен во психијатриската болница. Неговата мајка подоцна ѝ раскажала на Михаела дека брат ѝ ја контактирал од телефонот на еден медицински техничар. Тој ѝ рекол дека најверојатно ќе биде пуштен дома и дека некој ќе треба да дојде по него.

Но, во 23:14 часот, Михаела добила повик од мајка си со веста дека Кристијан починал. Ужасната вест мајката ја добила од неговата свршеница.

Семејството веднаш тргнало кон болницата. Таму веќе биле свршеницата на Кристијан и нејзините родители.

Докторката, како што раскажува Михаела, им објаснила дека Кристијан бил исклучително агресивен, дека ја кинел облеката и дека медицинските техничари се обидувале да го смират. По дадената терапија за смирување, престанал да дише.

Семејството било збунето од објаснувањето и побарало да го види неговото тело. Првично им било кажано дека тоа не е можно бидејќи се наоѓа во просторија со други пациенти. Дури по телефонски разговор меѓу докторката и сестрата на Михаела, која е лекарка, им било дозволено да влезат.

Она што го затекнале, дополнително ги вознемирило. Кристијан лежел гол на креветот, покриен со чаршаф, облечен само во пелена. Кога таа го тргнала чаршафот, семејството забележало повреди на неговото тело.

„Кога влеговме во собата, Кристијан лежеше гол на креветот покриен со чаршаф, имаше само пелена. Свршеницата го виде пред нас, но таа не беше при себе и ништо не забележа, веројатно од шокот. Го тргнав чаршафот со кој беше покриен. Тато одма рече: Тие го задушиле“ - раскажува Михаела.

Таа тврди дека забележала ранички под устата, крв на забите и модринки на вратот кои ѝ изгледале како траги од давење. На нејзините прашања, докторката одговорила дека трагите на вратот се последица на интубацијата.

Михаела раскажува и за несогласувањата во објаснувањата кои ги добиле од медицинскиот персонал.

Семејството ја напуштило болницата во шок, но решило да побара одговори. Следното утро стапиле во контакт со адвокатот Леон Зрниќ, по чиј совет Михаела отишла во полициската станица во Чрномерец за да пријави сомнеж за несовесно лекување со смртна последица.

Таа раскажува дека на полицајката ѝ ги посочила повредите на вратот и крвта на забите, но дека ѝ било кажано оти за започнување истрага е потребен обдукциски наод. По консултација со адвокатот, семејството продолжило самостојно да ја прибира медицинската документација.

На 23 октомври, адвокатот поднел кривична пријава до обвинителството и полицијата, со барање итно да се обезбедат снимките од видеонадзорот во болницата и да се зачуваат сите релевантни докази. Побарал и Министерството да спроведе вонреден инспекциски надзор во установата.

Дополнително, семејството тврди дека наишло на проблеми при добивањето на медицинската документација. Кога побарале извештај од Итната медицинска помош и документација за реанимацијата, им било кажано дека таквите документи ги немаат и дека досегашната документација веќе е испратена во архивата.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Jutarnji.hr (@jutarnji.hr)

Кога Михаела и сестра ѝ се обратиле до Заводот за судска медицина, им било кажано дека конечните резултати од обдукцијата се очекуваат за четири до пет месеци.

Покрај сите прашања за околностите на неговата смрт, Михаела сака јавноста да дознае и каков човек бил нејзиниот брат. Го опишува како скромен, грижлив и посветен човек, кој никогаш не се фалел со добрите дела кои ги правел. Тренирал лица со попреченост, вклучително и деца, а слободното време го посветувал на помагање на другите.

Бил музички талентиран, свирел пијано, гитара и мандолина, а за своите две сестри бил многу повеќе од постар брат, тој бил нивен заштитник, поддршка и мотиватор. Михаела се присетува како ѝ помагал дури и со најтешките испити на факултет, секогаш охрабрувајќи ја дека може да го постигне она што го посакува.

Најголемата болка за семејството е што Кристијан немал можност да го дочека раѓањето на своето дете. Сите се радувале дека наскоро ќе станат тетки и дека тој ќе биде прекрасен татко.

„Се надевам на правда за Кристијан и дека никому повеќе нема да му се случи она што му се случи нему. Сакам системот да се промени и неговата жртва да не биде залудна. Знаевме дека ќе биде најдобар татко. Сега ни тоа веќе го немаме“ - порачува Михаела.

Семејството нагласува дека не сака политизација на случајот, туку одговорност и промени во здравствениот систем, болниците и домовите за стари лица, за да се спречат вакви трагедии во иднина.

Tags
Кристијан Јосип Периш

Најнови

  • „Брат ми беше покриен со чаршаф, а татко ми веднаш рече: Го задушиле“: Исповед на сестрата на Кристијан Периш за неговата смрт во психијатриска болница

    Fri, 11/20/2026 - 10:37
  • Се омажи Јелена Јеремиќ: Српската водителка направи интимна свадба со Тигар, запеа и се расплака на прославата

    Fri, 11/20/2026 - 10:25
  • МВР со апел до родителите: „Бидете внимателни, опасна група таргетира деца и ги принудува да се самоповредуваат и да вршат насилство“

    Fri, 11/20/2026 - 09:26
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.