Се омажи Јелена Јеремиќ: Српската водителка направи интимна свадба со Тигар, запеа и се расплака на прославата
Јована Јеремиќ и Милош Стојановиќ вчера стапија во брак.
Познатата српска водителка и боксерот, познат како Тигар, направија интимна венчавка во црквата Св. Петка на Калемегдан во Белград.
36-годишната Јеремиќ за својот посебен ден блесна во сирена венчаница со чипка и гол грб. Невестинскиот фустан ѝ се влечеше по земјата, а ТВ водителката го надополни со елегантен долг вел. Младоженецот се одлучи за класичен црн смокинг.
По венчавката, Јеремиќ го фрли бидермаерот со црвени рози пред црквата.
Прославата продолжи во познат ресторан во Белград, каде присуствуваа само најблиските роднини и пријатели на новата брачна двојка.
„Денеска сум многу емотивна, и претходно во црквата додека траеше венчавката...тоа е затоа што со нас не беше некој кој мене ми е многу важен, а тоа е мојот татко. Цело време додека траеше церемонијата моите мисли беа таму далеку негде со него... и знам денеска кога би ме видел татко ми во вакво издание би бил среќен... И јас знам дека мојот татко е денеска овде со нас - рече низ солзи Јеремиќ пред присутните.
Заљубените младоженци танцуваа на првиот свадбен танц, а Јелена подоцна испеа и неколку песни на микрофон.
На свеченоста беше присутна и ќерката од првиот брак на водителката. Малата Леа беше облечена во елегантно црвено фустанче, а на главата имаше круна. За време на веселбата со мајка си ја испеа песната „Додирни ми колена“.
Јеремиќ сподели и фотографија од професионалната фотосесија од венчавката со саканиот, под која му посвети емотивна порака.
„⚔️ На мојот сопруг Милош, на мојот витез ⚔️
❤️ Скриј дел од нашата љубов, за секогаш да имаме по еден кец во ракавот. За и кога ќе биде тешко, нашата ЧИСТА ЉУБОВ да ни биде светилник во разбрануваното море, како патоказ кон врвот.
👗 Големите жени имаат големи животи. Големи љубови. Велат дека е среќен оној кој сака еднаш, но БОГ ТЕ САКА МНОГУ кога во животот ќе ти испрати некого во кого ПО ВТОР ПАТ ќе се вљубиш како да е последен.
Тоа значи дека јас сум некоја среќница... Како што кажува и моето име – ЈОВАНА – ОНАА ШТО ЈА САКА БОГ.
👑 Љубов моја, ти благодарам за љубовта, почитта и третманот. Влезе во мојот живот за да ми решиш еден проблем, а потоа ми го „реши“ целиот живот. Ме спаси од демоните – туѓите, но и од самата себе. Мојот витез. На дело.
💍 Денес во брак влегуваме тројца – ти, јас и Господ Исус Христос. Нека ни биде вечен и плоден. Нашата љубов е единственото важно нешто. Од неа произлегува сè.
Не спаѓам во жените кои прават големи планови кога станува збор за љубовта. Јас сум жена која ЈА ЖИВЕЕ ЉУБОВТА, ГО ЖИВЕЕ ПАРТНЕРСТВОТО, ЖИВЕЕ ЗА ЉУБОВТА. ЧОВЕК НИКОГАШ НЕ СМЕЕ ДА ОГЛУВИ ЗА СВОЕТО СРЦЕ.
🎵 Некои средби и судбини БОГ ГИ ДОГОВАРА ПРЕД ДА СЕ СРЕТНАТ ТЕЛАТА... ТАКВИТЕ СРЕДБИ НА ДУШИТЕ ОСТАНУВААТ ДА ТРААТ ВО БЕСКОНЕЧНОСТА НА ВСЕЛЕНАТА И ПО МИНЛИВОСТА НА ОВОЗЕМСКИОТ ЖИВОТ.
🔔 Нашата приказна започна како доказ дека се познаваме уште од минатиот живот, кога сме имале други имиња и сме биле други луѓе. Знаеш кога ми рече: „Се познаваме уште од Египет, кога полудев по тебе како по Клеопатра, додека се борев за тебе иако бев Цезар...“
📿 НЕ ВЕТУВАМ НИШТО, НО ВО ЕДНО БИДИ СИГУРЕН – ДО КРАЈОТ НА ЖИВОТОТ ТВОЈОТ АНГЕЛ (како што ме нарекуваш), сè додека дише, а и потоа, ќе биде покрај тебе и со тебе.
Затоа што...
Те познавам одамна и секогаш ќе те пронајдам, во секој следен живот...
Те сака твојата сопруга. Твојата Ј. Ј. 💎💍“ - напиша таа.
Тигар под објавата остави свој коментар: „Ангелу мој, не можам да опишам со зборови колку те сакам и колку ми значиш женичке моја. Засекогаш твој.“
Двојката е заедно околку една година. Јована претходно за српските медиуми има изјавено дека го гледа Тигар како татко на своите идни деца.
„Би сакала да родам машко дете, бидејќи би сакала да ги има неговите манири и кодекс на однесување. Тигар е воспитан токму онака како што треба да биде еден алфа-маж. Исклучително ја почитува жената, ја сака и прави сè за неа. Не ја малтретира ниту физички, ниту психички. Не ѝ тера инает. Тој е првиот што се јавува, испраќа пораки и купува подароци. Прави сè што треба да прави еден маж и не се лигави како некоја тетка. Сум имала мажи кои се претставуваат како алфа-мажи, но имаат погрешна претстава за тоа, бидејќи она што тие го сметаат за „алфа-маж“ е обична п****.“ - рекла таа.
Јелена претходно беше четири години во брак со политичарот Војислав Милошевиќ, со кого се разведе во 2022 година. Тие заедно ја имаат 8-годишната ќерка Леа.
Кратко време беше верена со бизнисменот Драган Станковиќ, со кого се раздели во пролетта 2025 година.