Трансформација до непрепознатливост: Крстиња Тодоровиќ од „Ѕвездите на Гранд“ ослабе 100 килограми
Трансформацијата на Крстиња Тодоровиќ до ден-денес привлекува внимание.
Пејачката, која се прослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“, успеа да ослабе неверојатни 100 килограми.
На социјалните мрежи црногорската музичарка сподели фотографија на која позира во црн комбинезон кој ја истакна нејзината витка фигура и измами многу комплименти.
Сепак, патот до оваа голема промена не бил ниту едноставен, ниту краток. Крстиња се подложила на операција за стеснување на желудникот, а потоа следувале промени во исхраната, диети и редовни тренинзи.
Нејзината трансформација започнала за време на учеството во „Ѕвездите на Гранд“, кога успеала да ослаби 80 килограми. Подоцна, продолжила да работи на физичката форма, намалувајќи вкупно 100 килограми.
Крстиња минала и низ операција за отстранување на вишокот кожа.
„Годинава имав разни пресврти на сите полиња. Здравјето ми е на прво место заедно со слабеењето. Се одлучив да направам операција за да го исполнам мојот сон. Пријатно сум изненадена, бидејќи не можев ни да се замислам себеси со вита линија“ – изјавила Крстиња во едно интервју.
Но, промените во животот на пејачката не биле поврзани само со нејзиниот физички изглед. Во меѓувреме, таа се разведе од сопругот, за кого отворено зборува во јавноста.
„Немам проблем искрено да зборувам за сè. Никогаш нема да кажам дека мојот сопруг е лош човек или дека имало трета личност. Едноставно, не ни одеше и тоа е единствената причина. Не си згрешивме еден на друг и тоа е единствената вистина“ – признала таа.