• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Кери Бредшо постави светски рекорд во маратон со два вештачки колка, позираше пред станот на својата имењачка од „Сексот и градот“

20 ноември 2026, 08:39
  • cподели

Нејзиното име звучи како да е излезено од сценариото на „Сексот и градот“, но Кери Бредшо од реалноста е жена со инспиративна приказна. На 45 години, со два вештачки колка и по сериозни здравствени предизвици, упорната Американка ем трча маратони, ем поставува светски рекорди.

Кери го привлече вниманието на социјалните мрежи откако на 1 ноември учествуваше на Њујоршкиот маратон и го надмина сопствениот Гинисов рекорд за најбрзо истрчан маратон од жена со двострана замена на колковите.

Во јануари годинава, во Хјустон, таа ја истрча маратонската дистанца за 3 часа, 42 минути и 31 секунда. Но, во Њујорк успеа да биде уште побрза. Со резултат од 3 часа, 37 минути и 9 секунди, Кери обезбеди и квалификација за Бостонскиот маратон.

По големиот успех, таа не пропушти да посети и интересна локација во Њујорк. Таа позираше пред скалите на зградата која во култната серија „Сексот и градот“ беше претставена како домот на главниот лик Кери Бредшо.

На фотографијата која ја објави на Инстаграм, Кери позира со маратонскиот медал во едната рака и чаша коктел во другата, а описот го започна со познатата реплика од серијата: „И едноставно така... (And Just Like That) Кери Бредшо го истрча Њујоршкиот маратон и го подобри својот светски рекорд“.

Но, зад оваа забавна случајност се крие приказна за неверојатна упорност.

Во 2021 година, Кери била дијагностицирана со вродена билатерална дисплазија на колковите. Иако зад себе имала 10 маратони и повеќе од 60 полумаратони, неколку хирурзи ѝ кажале дека можеби никогаш повеќе нема да може да трча.

По две операции за замена на колковите, во ноември 2022 и април 2023 година, следувал долг и тежок пат на опоравување.

„Пред три и пол години користев дубалка и повторно учев да одам по втората операција на колкот. На 1 ноември застанав на стартот на мостот Веразано, подготвена да ги поминам сите пет њујоршки квартови со моите нови колкови. Не го земам здраво за готово тоа што повторно можам да го правам она што го сакам, особено откако многу лекари ми кажаа дека никогаш повеќе нема да трчам“ - раскажала таа за People.

На трката, Бредшо доби поддршка од семејството и пријателите кои ја бодреле покрај патеката. Нејзината ќерка Попи ја чекала на половина од патеката и ѝ испраќала бакнежи, давајќи ѝ сила да продолжи.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Carrie Bradshaw | Double Hip Replacement Marathoner (@bionicrunnerbabe)

Кери, која на социјалните мрежи е позната како „Bionic Runner Babe“, денес сака нејзината приказна да биде поттик за сите кои минуваат низ слични здравствени предизвици.

„Се надевам дека мојата приказна ќе им помогне на другите кои се соочуваат со замена на колк или закрепнуваат од операција да поверуваат дека можат повторно да го прават она што го сакаат и дека најубавите денови допрва доаѓаат“ - порачала таа.

Кери е пресреќна што нејзината приказна стигна до Сара Џесика Паркер (Кери Бредшо) и Кристин Дејвис (Шарлот Јорк), кои ѝ ставиле лајк на објавата за маратонот и посетата на станот.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Carrie Bradshaw | Double Hip Replacement Marathoner (@bionicrunnerbabe)

Tags
Кери Бредшо

Најнови

  • Кери Бредшо постави светски рекорд во маратон со два вештачки колка, позираше пред станот на својата имењачка од „Сексот и градот“

    Fri, 11/20/2026 - 08:39
  • Тиго

    Тиго го унапредува онлајн кредитирањето со интеграција на Evrotrust

    Fri, 11/20/2026 - 00:00
  • „Најубавата наследничка на твоето име“: Адријана Алачки доби внука која ќе го носи нејзиното име

    Thu, 11/19/2026 - 21:57
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.