• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

ВИДЕО: Новак Ѓоковиќ во сцена со Роберт де Ниро и Овен Вилсон во најновото продолжение на „Фокерови“

20 ноември 2026, 13:45
  • cподели

Новак Ѓоковиќ ќе го има во холивудски филм.

Српскиот тениски ас се појавува во најновото продолжение на популарната комедија „Фокерови“, насловена „Focker-In-Law“, во која дели сцена со легендарниот Роберт де Ниро и актерот Овен Вилсон.

Краткиот интересен момент веќе привлече внимание на социјалните мрежи, откако беше објавена сцена од филмот во која Ѓоковиќ се појавува со тениски рекет во рацете.

Во филмот, Новак му држи кратка тениска лекција на ликот Кевин, кого го толкува Вилсон. Двајцата разменуваат неколку духовити реплики за тенисот, а во нивно друштво е и де Ниро.

„Одличен тренинг денес“ - му вели Ѓоковиќ на Вилсон, кој му се заблагодарува. Потоа тенисерот го советува да продолжи да работи на форхендот, а кога актерот го прашува што мисли за неговиот бекхенд, Новак замавнува со раката и со насмевка му одговара: „Можеш подобро“.

ВИДЕО:

Во четвртото продолжение на познатата филмска франшиза се враќаат Роберт де Ниро, Бен Стилер, Овен Вилсон, Тери Поло и Блајт Данер, а меѓу новите имиња е и поп-ѕвездата Аријана Гранде. 

Приказната овојпат се врти околу возрасниот син на Грег и Пем Фокер, Хенри, кој сака да се ожени со Оливија, ликот на Аријана Гранде. Новата семејна романса носи нова доза недоразбирања, сомнежи и комични ситуации.

Филмот „Focker-In-Law“, во режија на Џон Хамбург, во кината пристигнува на 25 ноември.

Погледнете го трејлерот:

Tags
Новак Ѓоковиќ
Роберт Де Ниро
Овен Вилсон

Најнови

  • Miele

    Чистиот и уреден дом не е невозможна мисија!

    Fri, 11/20/2026 - 14:20
  • ВИДЕО: Новак Ѓоковиќ во сцена со Роберт де Ниро и Овен Вилсон во најновото продолжение на „Фокерови“

    Fri, 11/20/2026 - 13:45
  • Катарина од Тетово и Јасмин од Охрид со три титули на Miss & Mister Planet 2026

    Катарина од Тетово и Јасмин од Охрид со три титули на Miss & Mister Planet 2026

    Fri, 11/20/2026 - 13:22
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.