Во емисијата „60 Minutes“ беа претставени 5 од 6-те надарени Американци кои имаат „супериорна автобиографска меморија“ којашто им овозможува да се сеќаваат на детали од скоро секој ден од нивниот живот.
Инспирирана од желбата на многу жени да ги следат своите љубовни партнери, Британката Ребека Сатон создала женска детективска агенција. Нејзината агенција дури нуди и услуга за поставување на „стапица“, наменета за жени кои сакаат да дознаат дали партнерот би ги изневерил ако има можност за тоа.
Елизабет Харли го откачила својот љубовник Шејн Ворн затоа што пронашла околу 100 секс пораки кои тој ѝ ги испраќал на друга мажена жена. Елизабет потоа барала прошка од својот сопруг, но залудно.
Британски пар успеал да го фотографира крајот на една интересна брканица на мачка и глушец. Нивниот 14-месечен мачор се заглавил во новогодишната елка бркајќи глушец кој успеал да се искачи на врвот на елката.
Новиот спот на Лејтон Мистер за песната „Summer Girl“ ја доживеа својата премиера. Во видеото 24-годишната актерка позната од серијата Gossip Girl пее на сцена пред мала публика, а во меѓувреме се прикажуваат и сцени од филмот „Country Strong“.
Наскоро започнува за многумина омилениот период од зимата – сезоната на празниците. Еуфоријата веќе се чувствува, а подготовките се во полн ек. Па, тајмингот е совршен за да ви предложиме неколку модни комбинации инспирирани од најактуелните модни трендови и прилагодени на празничната атмосфера.
Кејти Фар, чиј коефициент на интелигенција е 140, е новата носителка на титулата Miss World University. 24-годишната Британка победила 42 други учеснички откако го импресионирала жирито не само со својата убавина, туку и со својата интелигенција.
Мајк Томпкинс е еден од ретките музичари кои секогаш се оригинални и забавни. Тој произведува различни звуци користејќи ја единствено својата уста, а потоа со помош на монтирање создава интересни верзии на познатите хитови. Погледнете како изгледа неговата верзија на „Only Girl“ од Ријана.
За различни расположенија и makeup комбинации, dm марката trend !t up ја нуди N°1 Express Volumen Mascara во сина, кафеава и црна боја, како и во водоотпорна црна варијанта.