• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Женска детективска агенција во потрага по неверни мажи

20 декември 2010, 12:25
  • cподели

Инспирирана од желбата на многу жени да ги следат своите љубовни партнери, Британката Ребека Сатон создала женска детективска агенција.

25-годишната Ребека ја основала агенцијата пред 6 месеци и со помош на нејзините вработени до денес има фатено многу неверни мажи.

Нејзината армија од жени постојано ги следи мажите, а Ребека дури нуди и услуга за поставување на „стапица“. Оваа услуга е наменета за жени кои сакаат да дознаат дали нивниот партнер некогаш би ги изневерил ако има можност за тоа.

Ребека и две вработени во агенцијатаРебека со две вработени во агенцијата. Вработените жени се различни на изглед и кога се прави „стапица“ се бира детективка според вкусот на партнерот на клиентката.

„Нема никакви шанси да се чувствувам виновна што ги местам мажите, ако паднат во стапицата не треба да обвинуваат никој друг освен самите себе. Јас не сум мажомразец и не сум уништувач на семејства. Ако немаше побарување за работата што ја работам, тогаш немаше да имам работа, но постојат многу неверни партнери“ – изјавила Ребека.

Таа ја увидела потребата за ваква агенција кога започнала да се сомнева дека нејзиниот сопруг ја изневерува.

„Пред 5 години, кога бев бремена со мојата ќерка Парис, започнав да се сомневам дека мојот бивш сопруг има афера. Тој исчезнуваше со денови и го исклучуваше мобилниот за да не можам да контактирам со него.“

„Се јавував во детективски агенции, но сите беа раководени од мажи кои ме правеа да се чувствува како глупачка, а и нивните цени беа премногу високи.“

„Тогаш решив да дејствувам сама, зедов неколку пријателки и решивме сами да го следиме мојот сопруг. Го видовме како се плетка со многу различни жени пред неколку ноќни клубови и иако немаше афера, нашата врска се распадна“ – раскажала Ребека за DailyMail.

Најголем дел од клиентките на Ребека биле во право што се сомневале во своите партнери. „Повеќето мажи кои ги следиме имаат афера, а околу половината паѓаат во стапицата што им ја поставуваме, но сепак најголем дел од клиентките решаваат да останат со нив. Понекогаш е многу важно да ја извадиш аферата на виделина за парот да може да започне да работи на повторното градење на врската“ – признала 25-годишната детективка.

Tags
детектив

Најнови

  • Зимска радост во Унгарија: Поларни мечиња за првпат гледаат вистински снег и бескрајно му се радуваат

    Fri, 01/09/2026 - 11:10
  • Врв на скандалот: Бруклин Бекам побарал од родителите Дејвид и Викторија да контактираат со него само преку неговите адвокати

    Fri, 01/09/2026 - 10:10
  • 11-годишната Вики по вторпат ја победи леукемијата: „Беше претешко да се најде донор, но Господ е голем“

    Fri, 01/09/2026 - 09:14
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.