Со впечатлив стајлинг и насмевка која открива колку е среќна, Николија привлече внимание на црвениот тепих во Белград.
Атрактивната српска пејачка за првпат зборуваше за тајната венчавка со Реља Поповиќ, кој ја изненади со предлог за брак и свадба на нејзиниот роденден.
Николија не ја криеше среќата за новото поглавје во животот, откривајќи дека сега го носи презимето Поповиќ. Таа и Реља се заедно 12 години.
„По 12 години. Секој има свое темпо и свој вистински момент, ова беше нашиот и за мене најубавиот на светот. Немав очекувања што ќе каже јавноста, како и за сè што ми се случува приватно. И нормално е, сите нè следите и го поставувате тоа славно прашање: ‘Кога свадба’“ – изјави Николија.
Кога беше запрашана дали нешто се променило по склучувањето брак, таа изјави:
„Се презивам Поповиќ и сите ми велат дека сум се разубавила“ – дополни таа.
Николија откри дека мајка ѝ Весна Змијанац, не присуствувала на венчавката, бидејќи никој не знаел за церемонијата. Свадбата беше изненадување организирано специјално за нејзиниот роденден.
„Весна не беше на свадбата, никој не знаеше. Тоа беше изненадување за мојот роденден, па по два дена заедно отидовме на ручек“ - раскажа таа.
Пејачката се осврна и на здравствената состојба на својата мајка, откривајќи дека Весна има добри и помалку добри денови, но дека музиката и пеењето ѝ даваат сила и елан за живот.
„Весна е добро, се држи, еден ден е вака, друг ден онака, мораме да имаме разбирање. Не можам да ѝ кажам да престане да пее, таа живее за тоа. Пеењето ѝ дава елан за живот“ - искрено сподели Николија.
@alo_portal Nikolija se pojavila na crvenom tepihu: Izgledom ostavila sve bez daha! #alo #alonovine #aloonline #nikolija #fypagee ♬ Nema Limita - Nikolija
Николија и Реља се запознале преку заеднички музички проекти. Во 2016 година ја добија првата ќерка Реа, а во 2021 година нивното семејство се зголеми со раѓањето на втората ќерка Хана.