• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Ја запроси на роденденот и ја изненади со СВАДБА: Николија и Реља се венчаа по 12 години љубов

21 октомври 2026, 22:45
  • cподели

Николија Јовановиќ и Реља Поповиќ ја крунисаа својата долгогодишна љубов со брак. По 12 години заеднички живот и две ќерки, познатата музичка двојка си го кажа судбоносното „ДА“ на интимна свадбена прослава.

А најромантичниот момент е што целата свадба била изненадување за Николија.

Сè започнало на 19 октомври, кога Реља организирал роденденско изненадување за Николија во белградскиот ресторан „Гилда“. Во еден момент, музичарот клекнал на едно колено, извадил прстен и ѝ го поставил најважното прашање на својата сакана.

Изненадената Николија со радост ја прифатила понудата за брак, но не ни претпоставувала дека најголемото изненадување допрва следува.

Реља веќе имал организирано свадба, па двојката се венчала на самото место, опкружена со најблиските членови на семејството и пријателите.

Како што може да се види од фото-албумот кој го објави „Вог Адриа“, за специјалната пригода 37-годишната пејачка избрала елегантен бел фустан со длабоко деколте и лежерен крој. Реља се одлучил за модерна црна комбинација со сако и маица, која одлично се вклопувала во опуштената атмосфера на прославата.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Vogue Adria (@vogue.adria)

Како што пишуваат од модниот медиум:

„По повеќе од една деценија исклучително исполнет заеднички живот, Николија и Реља одлучија да ја крунисаат својата љубов со брак. На нејзиниот роденден, Реља ја изненади својата партнерка не само со запросување, туку и со свадба организирана на самото место.“

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Vogue Adria (@vogue.adria)

Николија и Реља се запознале преку заеднички музички проекти, а нивната љубовна приказна започна пред 12 години. Во 2016 година ја добија првата ќерка Реа, а во 2021 година нивното семејство се зголеми со раѓањето на втората ќерка Хана.

Иако со години градеа заеднички живот и семејство, дури сега одлучија својата љубов да ја официјализираат со брак.

Tags
Николија Јовановиќ
Реља Поповиќ

Најнови

  • Ја запроси на роденденот и ја изненади со СВАДБА: Николија и Реља се венчаа по 12 години љубов

    Wed, 10/21/2026 - 22:45
  • Девојката на Бред Пит, Инес де Рамон, во романтична креација од Ели Сааб на шоуто на Victoria’s Secret

    Wed, 10/21/2026 - 20:30
  • Ирена Спировска младолика убавица во златен фустан покрај саканиот на свадба

    Wed, 10/21/2026 - 14:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.