Со концертите на „Flowers Symphony“ во Битола и Охрид, Оркестар DIVA – Битолски камерен оркестар ја заокружи својата летна концертна сезона, исполнета со повеќе музички проекти и настапи пред домашната публика.
Во интервју за Фемина, Ивана Герасимов зборува за животот по својот „втор роденден“, секојдневната борба со болката, финансиската неизвесност, љубовта и поддршката што ја добива од најблиските и за желбата еден ден повторно да биде здрава и да има свое дете.
Македонија е европски вицешампион во параглајдинг, а Ана Бергер е новата европска шампионка во женска конкуренција. На домашен терен, пред публиката во Крушево, македонската параглајдинг репрезентација стигна до историскиот успех – сребро во екипна конкуренција, додека Бергер го освои европскиот врв во поединечна женска конкуренција.
Лејди Гага се најде на 11. место, а Опра на 14. место на овогодишната листа на најмоќни жени според списанието Форбс. Со своите 25 години Лејди Гага е најмладата жена на листата. Најмоќната жена на светот е германската канцеларка Ангела Меркел, а веднаш зад неа на второто место е Хилари Клинтон.
Рис Витерспун позира во облека од новата колекција на познатиот шведски бренд Lindex за сезоната есен/зима 2011. Колекцијата црпи инспирација од стилот на 70-тите години, а вклучува фармерки, карирани кошули и крзнени и плетени креации во есенски бои. Погледнете ги фотографиите.
Ким Кардашијан имаше не еден, туку три фустани за гламурозната свадба, а списанието People плати 1,5 милиони долари за да обезбеди ексклузивни фотографии од сите нив. И трите беа дизајнирани од Вера Ванг, чиишто невестински фустани секогаш допираат до срцата на невестите. Погледнете ги тука.
Колекцијата на Брајан Етвуд за сезоната есен/зима 2011 може да се нарече истовремено и елегантна и егзотична и рок. Мешајќи различни стилови, познатиот дизајнер создаде една современа и впечатлива колекција исполнета со животински принтови и бодликави детали. Погледнете ги фотографиите.
Истражување на Philips покажало дека парите, домашните обврски и свекрвата се топ причини за кавга на паровите. Истражувањето покажало и дека жените победуваат во три од секои пет расправии, а две на секои пет жени се подготвени да се расплачат за да биде по нивно.
Списанието In Touch вчера објави дека славниот холивудски пар Вил и Џејда Смит става крај на својата 13-годишна врска. Но, додека сите коментираа колку е жално што уште еден брак ненадејно се распадна, Вил и Џејда подготвуваа соопштение за да ја демантираат ваквата вест.
Ви се случило ли да сретнете одредена личност, но да не можете да се сетите на нејзиното име, или додека раскажувате за убав филм да го заборавите името на вашиот омилен актер кој беше во главната улога? Невробикот ќе ви помогне да го активирате и вежбате мозокот за да го одржите во добра форма.
Најновата колекција обувки на Дона Каран е елегантен микс на класичните модели чевли со модифицирани чевли тип „Мери Џејн“ и чизмички до под глуждовите, финиширани со сатенски, крзнени, „змиски“ или „крокодилски“ материјали, а едноставноста се протнува и кај чантите. Погледнете ги фотографиите.
Пријателите се богатство кое секој треба да го поседува, но понекогаш меѓу оние кои ги нарекуваме најблиски пријатели има и такви кои не влијаат така позитивно врз нас како што би сакале. Ново истражување покажа дека најголем дел од луѓето имаат по некој „отровен“ пријател.
Грекос ја збогатува својата понуда со нови овошни вкусови и формати, создадени за различни моменти во денот, од појадок и ужина, до вкусна и практична пауза кога ни треба нешто што лесно се вклопува во нашиот ритам.
Од нега на лице, тело и раце, преку производи за домаќинството, па сè до производи за исхрана – издвојуваме седум производи од dm марките Balea, dmBio и Denkmit, со цени од само 49 денари.
Нептун Македонија на 17 август 2026 година, со почеток во 12:00 часот, свечено ќе го отвори продажниот салон Нептун Чаир, лоциран во Retail Park Point на Булевар Македонско-Косовска бригада бр. 67, Чаир, Скопје.