Со концертите на „Flowers Symphony“ во Битола и Охрид, Оркестар DIVA – Битолски камерен оркестар ја заокружи својата летна концертна сезона, исполнета со повеќе музички проекти и настапи пред домашната публика.
Во интервју за Фемина, Ивана Герасимов зборува за животот по својот „втор роденден“, секојдневната борба со болката, финансиската неизвесност, љубовта и поддршката што ја добива од најблиските и за желбата еден ден повторно да биде здрава и да има свое дете.
Македонија е европски вицешампион во параглајдинг, а Ана Бергер е новата европска шампионка во женска конкуренција. На домашен терен, пред публиката во Крушево, македонската параглајдинг репрезентација стигна до историскиот успех – сребро во екипна конкуренција, додека Бергер го освои европскиот врв во поединечна женска конкуренција.
Новата колекција на Чезаре Пачоти е идеален пример за модните трендови кои ќе бидат застапени кај обувките во претстојната студена сезона. Погледнете ја тука.
Не залудно се вели дека мажите се визуелни суштества. Ново австралиско истражување покажало дека убавиот надворешен изглед им е најважен на мажите при изборот на партнерка.
Во една хаотична атмосфера кога хормоните го менуваат вашето дете и неговото однесување, лесно е да започнете да правите грешки при воспитувањето кои ќе ви го отежнат поминувањето низ тој бурен период. Прочитајте кои грешки треба да ги избегнете кога вашето дете ќе стане тинејџер.
Ова позитивно видео е составено од она што го кажува и самиот наслов – насмевки. Целосно е направено од клипчиња кои авторите ги пронашле на YouTube, а целта е да ви го разубави денот и на вашето лице да се појави најискрената насмевка. Насмевка ве молам!
Познатото списание Rolling Stone спроведе анкета за да ги определи најлошите песни на 90-тите години. „Barbie Girl“ на Aqua се најде на првата позиција, а веднаш зад неа е мегапопуларната „Macarena“. Погледнете кои 10 хита го заслужија епитетот „најлоши“.
„Немам време“, „Работам, морам да имам енергија“, „Во ПМС сум“, „Под стрес сум“... Прочитајте кои се најчестите женски изговори за одложување и занемарување на диетата или вежбањето.
Грекос ја збогатува својата понуда со нови овошни вкусови и формати, создадени за различни моменти во денот, од појадок и ужина, до вкусна и практична пауза кога ни треба нешто што лесно се вклопува во нашиот ритам.
Од нега на лице, тело и раце, преку производи за домаќинството, па сè до производи за исхрана – издвојуваме седум производи од dm марките Balea, dmBio и Denkmit, со цени од само 49 денари.
Нептун Македонија на 17 август 2026 година, со почеток во 12:00 часот, свечено ќе го отвори продажниот салон Нептун Чаир, лоциран во Retail Park Point на Булевар Македонско-Косовска бригада бр. 67, Чаир, Скопје.