Спектакуларни планински врвови, бескрајни зелени падини и само тие двајца... Тале Коцевски избра восхитувачка сценографија на Доломитите за да ѝ го постави најважното прашање на Стефани Стојановска.
Ријана го соблекува горниот дел од своите бикини и го фрла во воздух на една од фотографиите од нејзиниот тропски одмор на Хаваи. Рири сподели 169 фотографии на кои се гледа како таа ужива на егзотични локации облечена во минимална облека. Погледнете дел од нив тука.
Колоритни, романтични, авантуристички, егзотични, но пред сè женствени – тоа се трендовите кај обувките кои ќе ја одбележат започнатата сончева сезона. Фрлете поглед на најжешките трендови благодарение на кои ќе зачекорите со стил во сезоната пролет/лето 2012.
Катарина Ивановска го краси априлскиот каталог за долна облека на престижниот ланец на продавници „Nordstrom“. Убавата манекенка и актерка позира заедно со згоден партнер во секси и забавна долна облека. Погледнете ги фотографиите.
Откако најпопуларниот холивудски пар ја потврди својата свршувачка, медиумите агресивно тргнаа во потрага по што повеќе информации. Веќе се појавија фотографии кои одблиску го покажуваат свршеничкиот прстен на Анџелина Џоли, за чие дизајнирање помогнал Бред Пит.
Бар Рафаели, која е рекламно лице на елегантната колекција „Piaget Rose“, на промотивните фотографии позира грациозно, давајќи им простор на блескавите парчиња накит да дојдат до израз. Погледнете ги фотографиите.
Во изминативе неколку дена милиони луѓе се восхитуваа на приказната за верниот црн лабрадор кој не го напуштал телото на фатално повреден златен лабрадор на средина на прометна улица. Погледнете го видеото од хработо лојално куче.
Сите го сакаат бојадисувањето на велигденските јајца и традиционалното кршење со нив. Но, кога забавата ќе одмине, остануваат полни садови со варени јајца кои не се многу привлечни. Ви предлагаме лесен начин да ги направите варените јајца неодоливи и за вашето семејство и за вашите гости.
Пол Мекартни објави три видеозаписи за својата балада „My Valentine“. Во првиот спот главното лице е Натали Портман, во вториот е Џони Деп, а во третиот се појавуваат и двете филмски ѕвезди. Погледнете ги тука.
Бред Пит конечно ѝ го постави големото прашање на Анџелина Џоли! Погледнете го дијамантскиот свршенички прстен кој Роберт Прокоп го дизајнирал заедно со Бред Пит.
Хилари Даф ја објави првата семејна фотографија со сопругот Мајк Комри и нивниот син Лука. 24-годишната актерка блеска од среќа додека во рацете грижливо го држи својот син кој дојде на свет пред само три недели. Погледнете ја тука.
Од нега на лице, тело и раце, преку производи за домаќинството, па сè до производи за исхрана – издвојуваме седум производи од dm марките Balea, dmBio и Denkmit, со цени од само 49 денари.
Нептун Македонија на 17 август 2026 година, со почеток во 12:00 часот, свечено ќе го отвори продажниот салон Нептун Чаир, лоциран во Retail Park Point на Булевар Македонско-Косовска бригада бр. 67, Чаир, Скопје.
Diamond Mall и годинава ќе ја продолжи традицијата за одбележување на својот роденден со голема наградна игра. Главната награда е автомобилот Geely Cityray.