• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Никогаш немала менструација, од 9 години живеела со дечко: 12-годишно девојче роди бебе во Бугарија

25 ноември 2026, 11:12
  • cподели

Шокантен случај ја потресе бугарската јавност и регионот.

12-годишно девојче роди бебе во болница во градот Монтана. Новороденото девојче е тешко 2.560 грама, а на свет било донесено со помош на царски рез.

Особено вознемирува податокот дека родилката веќе 3 години живеела со 16-годишниот татко на бебето.

Случајот го потврди д-р Захари Николов, раководител на Одделението за акушерство и гинекологија во болницата „Д-р Стамен Илиев“. Тој изјави дека породувањето било извршено оперативно бидејќи телото на девојчето сè уште не било физички развиено за природно породување.

Малолетната мајка и новороденчето се во добра здравствена состојба, а закрепнувањето по операцијата се одвива нормално.

Она што дополнително ја прави приказната загрижувачка е фактот дека девојчето посетувало училиште само до трето одделение, по што го напуштило образованието. Според лекарот, таа не знае да чита и пишува, има потешкотии и со користењето на мобилен телефон, а никогаш претходно немала менструација и не знаела што претставува менструалниот циклус.

„Детето роди девојче по оперативен пат, со царски рез поради возраста, структурата на карлицата и поради ред други причини.

За жал, тоа е нешто потресно. Дете од 9 години оди да живее кај таканаречениот сопруг, којшто имал 13 години. На 11 години, пред првата менструација, таа не знае што е тоа, забременува и сега раѓа“ - изјавил докторот.

Лекарот објаснил дека девојчето забременило при првата овулација, а поради физичката незрелост се појавиле болки поради кои било неопходно породувањето да се изврши со царски рез.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Новините на NOVA (@novinite_na_nova)

Случајот ги активирал и социјалните служби во Монтана. По пријавата бил свикан координативен состанок на кој учествувале претставници на обвинителството, полицијата и службите за заштита на децата.

Било одлучено девојчето и бебето да бидат сместени во установа наменета за мајки и деца, во која ќе добијат здравствена и социјална поддршка, како и помош за стекнување родителски вештини. Воедно, било посочено дека во домот на 16-годишниот татко постои просторија која ги исполнува условите за живеење.

Лекарот предупредил и дека случајот не е изолиран. Во текот на првите 10 месеци од годинава, од вкупно 680 породувања во болницата, дури 50 биле на малолетни девојчиња, а пет на девојчиња под 14 години.

Николов споделил дека во кариерата имал случај на девојче кое првпат се породило на само 11 години, а 2 години подоцна повторно станало мајка.

Тој посочил дека лекарите при секој ваков случај ги известуваат обвинителството и социјалните служби, но според неговите искуства, институционалните постапки ретко носат долгорочни резултати. Дел од девојчињата повторно се вратиле во болницата по 1 или 2 години за второ породување.

Најнови

  • Слушни ме

    Заврши снимањето на „Слушни ме“, филмот за Слаткаристика со гласна порака

    Wed, 11/25/2026 - 12:03
  • Тиго

    Тиго го унапредува онлајн кредитирањето со интеграција на Evrotrust

    Wed, 11/25/2026 - 11:15
  • Никогаш немала менструација, од 9 години живеела со дечко: 12-годишно девојче роди бебе во Бугарија

    Wed, 11/25/2026 - 11:12
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.