Високиот шлиц на Ања Рубик на балот МЕТ предизвика лавина од негативни коментари. Преслабата манекенка ги покажа истакнатите коски на колкот и отсуството на долна облека, па многумина не успеаја да ги голтнат острите забелешки и критики. Погледнете го разголениот фустан на Ања.
Бијонсе беше една од ѕвездите кои дефинитивно го грабнаа вниманието на вчерашната гала вечер во музејот „Метрополитен“ во Њујорк. 30-годишната пејачка со став на вистинска дива носеше драматичен фустан на Живанши од колекцијата висока мода. Погледнете ја Бијонсе на црвениот тепих.
Синоќа Њујорк беше домаќин на „најголемата модна ноќ“, која е спој на историја, уметност и мода. Погледнете што носеа ѕвездите како Бијонсе, Ријана, Алиша Кис, Џесика Алба и Скарлет Јохансон на гала вечерата во музејот на уметноста „Метрополитен“.
Нема ништо лошо во тоа да разговарате со идната мајка и да го споделите своето искуство, но само ако знаете каде да застанете. Некои коментари е подобро да си ги задржите само за себе. Дознајте кои досадни и иритирачки реченици и прашања идните мајки не сакаат да ги чујат.
Џенифер Лопез, Камерон Дијаз, Бруклин Декер, Елизабет Бенкс и Ана Кендрик ја красат насловната на „Redbook“. Ѕвездите од филмот „What To Expect When You're Expecting“ позираа заедно, а во интервју споделија некои од своите ставови и искуства поврзани со мајчинството. Погледнете ги фотографиите.
Нашата најпозната манекенка, Катарина Ивановска, уште еднаш позираше за модниот шведски бренд „H&M“. 23-годишната убавица изгледа прекрасно во дел од летната колекција. Погледнете ги фотографиите.
Во текот на топлата сезона шармирајте со доминантните креативни плетенки, висока балерина пунџа или интересен плетен твист. Научете да ја стилизирате вашата коса како вистински професионалец, благодарение на некои од најдобрите туторијали за забавни фризури кои се во тренд.
Жељко Јоксимовиќ го објави официјалниот спот за песната со која ќе ја претставува Србија на Евровизија 2012. Во видеото, Ненад Махмутовиќ, победник во шоуто „Јас имам талент“, користи знаковен јазик за да го доближи текстот на песната до оние кои имаат оштетен слух. Погледнете го видеото тука.
Од нега на лице, тело и раце, преку производи за домаќинството, па сè до производи за исхрана – издвојуваме седум производи од dm марките Balea, dmBio и Denkmit, со цени од само 49 денари.
Нептун Македонија на 17 август 2026 година, со почеток во 12:00 часот, свечено ќе го отвори продажниот салон Нептун Чаир, лоциран во Retail Park Point на Булевар Македонско-Косовска бригада бр. 67, Чаир, Скопје.
Diamond Mall и годинава ќе ја продолжи традицијата за одбележување на својот роденден со голема наградна игра. Главната награда е автомобилот Geely Cityray.