Ана Ивановиќ како вистинска дама, блесна на еден од најпрестижните спортиски настани во Германија. Поранешната тенисерка на Deutscher SportpresseBall во Франкфурт се појави во гламурозна тоалета во златна боја и имаше можност да ѝ го врачи признанието за „Легенда на спортот“ на нејзината долгогодишна пријателка и тениска ривалка, Ангелик Кербер.