Турската актерка Бергузар Корел беспрекорна на концерт пред да се појави со саканиот Халит
Бергузар Корел мамеше воздишки на својот најнов концерт.
Убавата турска актерка изгледаше како холивудска ѕвезда во софистицирана црно-бела креација која ја истакна нејзината витка линија.
Долгиот тесен црн фустан со разголени рамена е надополнет со широка бела драпирана лента украсена со блескав кристален детаљ.
Деновиве, Корел присуствуваше на прослава за 10-годишнината од постоењето на Netflix во Турција. На настанот, таа пристигна со сопругот Халит Ергенч.
Бергузар и Халит се запознаа на снимањето на серијата „1001 ноќ“, во која ги имаат улогите на Шехерезад и Онур, а нивната љубов од екранот се пресели во реалниот живот. Во август 2009 година стапија во брак, а денес се родители на три деца.