„Горд тетин“: Џастин Тимберлејк со внуката која има Даунов синдром и синовите насмеани на модната писта во Денвер
Џастин Тимберлејк викендов ги изненади присутните на хуманитарната модна ревија „Be Beautiful Be Yourself“ во Денвер.
45-годишниот пејач се појави на модната писта заедно со 7-годишната внука Заја, која има Даунов синдром, како и со двајцата синови, 11-годишниот Силас и 6-годишниот Финеас.
Станува збор за традиционален настан организиран од фондацијата „Global Down Syndrome“, кој годинава се одржа по 19-ти пат. Настанот има цел да се подигне свеста кај луѓето и да се соберат средства за истражувања, медицинска грижа и поддршка на лицата со Даунов синдром.
„Синоќа, ја прошетавме мојата прекрасна внука Заја на модната писта на @globaldownsyndrome. Горд тетин!“ – напиша Тимберлејк на Instagram.
Славниот музичар и двете момчиња дури и заиграа со малата Заја, која беше облечена во бел фустан со црни панделки.
Џастин претходно истакна дека со сопругата Џесика Бил многу ја сакаат Заја и дека се гордеат со неа.
„Џесика и јас ја обожаваме Заја и не можеме да бидеме погорди на извонредната разлика која таа ја прави во светот. Секое лице со Даунов синдром заслужува можност да го достигне својот целосен потенцијал, а токму затоа работата на фондацијата GLOBAL ни значи толку многу“ – напиша тој.
Минатата година, Заја дефилираше на пистата со тетка си Џесика која сега не можеше да присуствува поради обврски. Слатката Заја му е ќерка на нејзиниот помал брат.
Годинашната хуманитарна вечер имаше и значаен резултат, бидејќи беа собрани рекордни 2,7 милиони долари за поддршка на истражувањата, медицинската грижа и застапувањето на лицата со Даунов синдром.