• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Џесика Бил со фотографии од слатката внука го одбележа Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

22 март 2023, 10:42
  • cподели

Вчера, Џесика Бил со носење забавни чорапи го одбележа Светскиот ден на лицата со Даунов синдром.

41-годишната сопруга на Џастин Тимберлејк сподели дека нејзината внука Заја има екстра хромозом и дека со овој потег таа сака да ја поддржи неа и целата заедница околу неа. Бил го сподели и профилот на слатката Заја, која му е ќерка на нејзиниот помал брат, Џастин.

„Денес, на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром ја славам мојата неверојатна внука и оваа прекрасната, позитивна и забавна заедница“.

„Оваа година, за Светскиот ден на лицата со Даунов синдром носиме забавни чорапи“ – напиша Џесика.

Џесика Бил Џесика Бил Џесика Бил Џесика Бил Џесика Бил

На профилот на Заја нејзините родители често објавуваат фотографии од малото девојче и не кријат колку голем благослов е таа во нивните животи.

„Во чест на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром ви ја претставуваме оваа убавица во нејзините луди чорапи. Ќе кажам повторно дека позитивните начини на кои Заја влијае на секој што ќе ја запознае се неверојатен благослов. Нашите животи се подобри поради тебе, Зи“ – пишуваат родителите.

Џесика Бил Џесика Бил Џесика Бил

На друг пост со фотографии од Заја пишува:

„Кога ќе помислам на сите грижи, на прашувањето што ќе се случи... не бевме ни свесни дека ова мало топче ќе нè научи на многу лекции преку својата сила, дрскост, радост и љубов кон животот. Животот е апсолутно подобар со тебе“.

View this post on Instagram

A post shared by Zaya (@lovelyzayab)

„Среќен ден на Дауновиот синдром. Денес славиме во чест на нашето девојченце и секој ден им се заблагодаруваме на среќните ѕвезди за неа. Сакам да помогнам во подигнување на свеста: ‘Со нас, не за нас’. Ја охрабруваме нашата малечка во нејзиниот живот и во нејзините избори. Секогаш ќе ја поддржуваме Заја во сè што сака да постигне, а нејзината желба и фокусот се силни. Мило ни е кога гледаме што сè сака да научи и да направи и како секогаш наоѓа начин“ – напиша Џастин. Џесика Бил Џесика Бил

Tags
Џесика Бил
Даунов синдром

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.