„Имаш еден дом“: Давид Темелков со емотивна балада и силен вокал изнуди громогласен аплауз на „Макфест“
Давид Темелков доби громогласен аплауз на „Макфест“ по изведбата на баладата „Дом“.
„Каде и да одиш, не заборавај – имаш еден ДОМ“ е пораката на песната, а која одекнува уште посилно кога ја пее уметник чиј живот и кариера се одвиваат надвор од Македонија.
34-годишниот пејач живее и работи во Хрватска, но со настапот во Штип покажа колку силна може да биде песна за припадноста и местото на кое секогаш можеш да се вратиш.
Видео
Во кратка порака по настапот, тој порача:
На сцената се случи "Дом" ... во секоја смисла на зборот.
Моето чувство на припадност на сцената, приемот од страна на публиката, магија од првиот стих!Публика желна за музика и емоција, лица посветени на секој стих, на секој тон... магијa!
Публиката пред малите екрани, полна со љубов и емоции!
Ви благодарам за секој комплимент, секој убав збор, за секоја порака!Благодарен сум на сите кои допринесоа да финалето изгледа и звучи така.
Многу луѓе, иста цел - Макфест да го добие вистинскиот сјај!Благодарност до целиот персонал на Макфест, сите вклучени да Макфест изгледа и звучи така, достоинствено! Без зборови..
Благодарност до оркестарот кој донесе свој белег на секоја композиција и даде една посебна димензија.Посебна благодарност до личноста која го збогати овој настап во секој поглед, со својата присутност, со секој отсвирен тон, со секоја емоција во него, маестра Сандра!
Темелков стекна регионална препознатливост во 2015 година, со учеството во музичкото шоу „X Factor Adria“, по што се пресели во Загреб и продолжи да ја гради својата музичка кариера.
Фото: Тоши Трајчев, Дејан Коцев / Femina.mk