Најстариот син на Ребека Јанковска Ристески го прослави својот 20. роденден.
За да го одбележи овој посебен ден, мајката на македонската пејачка објави фотографија со емотивна роденденска честитка за Маркијан.
„Среќна 20-ка љубовче мое. Борец мој. Херој мој. Дете љубов мое. Биди ми секогаш насмеан, жив, здрав и најсреќен. Ти благодарам за твојата љубов и бакнежиии. Те сакааам“ - напиша Роза.
Гордата баба сподели и фотографија на која Маркијан ја бакнува на чело мајка си.
Самата Ребека сподели моменти од концертот на Кирил Џајковски во Општина Карпош и напиша:
Кирил Џајковски во Карпош💗🎉🎂Роденденски💗💗💗💗💗☀️
Ова е јубилеен роденден за момчето кое е родено со ретката комплексна генетска болест - туберозна склероза.
Ребека, која е основачка на здружението „Дајте ни крилја“ и еден од најгласните активисти за системски решенија и подобри услови за сите лица со атипичен развој, минатата година сподели видео со приватни фотографии, по повод 19. роденден на својот најголем син.
„Момчето ЉУБОВ. Искачивме многу планини, а нè чекаат уште. Со Божја Волја сè ќе биде“ – напиша тогаш таа.
Ребека и сопругот Милан ги имаат и близнаците Макариј и Доротеј.