• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Торта со Јода, јавање коњ... Џиџи Хадид и Зејн Малик го одбележаа 4-тиот роденден на ќеркичката Каи

20 септември 2024, 12:08
  • cподели

Џиџи Хадид и Зејн Малик не пропуштија да го одбележат 4-тиот роденден на ќеркичката Каи.

Поранешниот пар сподели слатки фотографии на овој важен ден и конечно го откри целосното име на девојчето – Каи Малик.

Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид и Зејн Малик

29-годишниот модел и 31-годишниот пејач напишаа слатки пораки во кои велат дека се горди родители на Каи.

„Денес е 4-тиот роденден на нашето девојченце и славиме цела недела. Таа обожава животни, музика, бебето Јода, сите нешта од природата, бубачки, сè што е меко и минијатурно и ако е можно, да биде во вода од утро до мрак. Љубопитна е, авантуристка, грижлива и многу духовита. Каи ти си најголемата радост во мојот живот и се гордеам што ти сум мајка. Фала ти за најдобрите четири години од мојот живот. Ме потсетуваш да го живеам животот во целост секој ден, на наједноставните и најубавите начини. Твоите можности се бесконечни, моја најслатка љубов“ – напиша Џиџи.

Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид и Зејн Малик

„Среќен роденден на најважната личност во мојот живот, те сакам повеќе отколку што можам да изразам со зборови. Повеќе од горд сум да те викам моја ќерка... Благодарен сум за секоја секунда која ја поминувам покрај тебе, додека стануваш неверојатната личност којашто знам дека веќе си. Пред четири години ми го промени животот засекогаш и без тебе не би бил човекот кој што сум денес“ – напиша Зејн.

Џиџи Хадид и Зејн Малик

Џиџи и Зејн започнаа да се состануваат на крајот на 2015 година. Тие имаа раскинато повеќепати пред да потврдат во април 2020 година дека го очекуваат првото дете. Каи се роди во септември 2020 година.

Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи и Зејн

Тие раскинаа во октомври 2021 година откако се дозна дека тој ја удрил и навредувал мајката на Џиџи, Јоланда. Хадид во моментов е во врска со актерот Бредли Купер.

Џиџи и Зејн Бредли Купер и Џиџи Хадид

Најнови

  • Златен глобус 2026

    Холивудски гламур: Модата на Златен глобус 2026

    Tue, 01/13/2026 - 19:28
  • Бруклин Бекам за првпат фотографиран со Никола Пелц откако побара од родителите да контактираат со него само преку адвокат

    Tue, 01/13/2026 - 11:19
  • Ретко му го покажува лицето... Северина на скијање во Австрија со синот Александар кој „повеќепати се обидоа да ѝ го одземат“

    Tue, 01/13/2026 - 10:03
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.