Ана Ивановиќ шармираше во гламурозен златен фустан во Германија откако го прослави 39-тиот роденден
Ана Ивановиќ како вистинска дама блесна на еден од најпрестижните спортски настани во Германија.
Поранешната тенисерка се појави во гламурозна тоалета во златна боја на Deutscher SportpresseBall во Франкфурт.
Впечатливата креација со набори во горниот дел, познатата Србинка ја искомбинира со високи потпетици во иста боја и црна клот чантичка. Изгледот го надополни со природна шминка и ниско коњско опавче.
На 44. издание на доделувањето на PEGASOS наградите за исклучителни спортски достигнувања и придонеси, 39-годишната поранешна спортистка имаше можност да ѝ го врачи признанието Легенда на спортот на нејзината долгогодишна пријателка и тениска ривалка Ангелик Кербер.
„Беше вистинска чест да ја споделам оваа посебна вечер со една од моите најблиски пријателки. Вистинска легенда, Ангелик 🤍“ - напиша таа на социјалните мрежи и сподели албум со фотографии од настанот.
„Изгледаш како принцеза“, „Најпријатната позната личност која некогаш сум ја запознала“ - гласеа дел од комплиментите од нејзините следбеници.
Пред само неколку дена, Ивановиќ го прослави својот 39. роденден во опуштено издание.
Таа е мајка на синовите Лука, Леон и Тео, кои ги има од бракот со поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер. Поранешните сопружници беа во брак девет години, а се разделија во 2025 година.