„Препрепрегорда“: Лена со дечкото Вукашин го проследи концертот на мајка си Гоца Тржан во Белград
Лена Тржан се гордее со својата мајка.
19-годишната ќерка на Гоца Тржан го проследи нејзиниот концерт во Сава центарот во Белград и уживаше во прекрасното музичко шоу кое таа го приреди.
На Instagram, Лена сподели фотографии од својот стајлинг и позираше со дечкото Вукашин Јовановиќ.
„Препрепрегорда“ – напиша Лена споделувајќи видео од концертот.
На крајот од музичкото шоу, Лена се појави и на сцената и ја прегрна својата мајка, која не можеше да си ги задржи солзите кога цела публика во еден глас ја пееше нејзината песна „Загрли“.