Со концертите на „Flowers Symphony“ во Битола и Охрид, Оркестар DIVA – Битолски камерен оркестар ја заокружи својата летна концертна сезона, исполнета со повеќе музички проекти и настапи пред домашната публика.
Во интервју за Фемина, Ивана Герасимов зборува за животот по својот „втор роденден“, секојдневната борба со болката, финансиската неизвесност, љубовта и поддршката што ја добива од најблиските и за желбата еден ден повторно да биде здрава и да има свое дете.
Македонија е европски вицешампион во параглајдинг, а Ана Бергер е новата европска шампионка во женска конкуренција. На домашен терен, пред публиката во Крушево, македонската параглајдинг репрезентација стигна до историскиот успех – сребро во екипна конкуренција, додека Бергер го освои европскиот врв во поединечна женска конкуренција.
Имате 4 минути слободно време? Погледнете како се менувал изгледот на жената од пештерско време до денес. Интересно е да се видат најтипичните женски фризури низ годините, од кои се гледа како се менувале стандардите за убавина.
Експертите тврдат дека обликувањето и тонирањето на областа околу стомакот може да биде забавно и едноставно. Научете како да си ја остварите целта за цврст и рамен стомак со помош на неколку интересни вежби и движења.
Мис Италија 2011 е Стефанија Бивоне. Младата убавица има 18 години, висока е 179cm, средношколка е и сè уште живее со своите родители. Погледнете ги фотографиите тука.
Армани уште еднаш ја израдува женската публика со нови фотографии од есенската кампања на брендот Emporio Armani Underwear, во која главна ѕвезда е Рафаел Надал. Погледнете ги тука.
Умешниот женкар ќе ја употреби својата харизма и однесувањето на вистински џентлмен за да поверувате дека сте единствени за него во ситуација кога сте само едно од многуте негови освојувања. Еве неколку знаци кои треба да ве разбудат од бајката и да ве натераат да ги препознаете неговите намери.
Џенифер Лопез е неодолива за мажите во спотот за песната „Papi“. 42-годишната пејачка предизвикува хаос во 5-минутното видео, бидејќи секој маж што ќе ја погледне се заљубува во неа. Погледнете го спотот тука.
Познатата актерка Хилари Даф ја продава куќата којашто ја купи во екот на својата слава. 23-годишната актерка и пејачка го продава својот дом за 6,25 милиони долари. Погледнете ги фотографиите тука.
Верувале или не, на свадбата на Ким Кардашијан биле направени околу 8 милиони фотографии. Погледнете дел од фотографиите кои ќе се најдат во свадбениот албум на Ким.
Грекос ја збогатува својата понуда со нови овошни вкусови и формати, создадени за различни моменти во денот, од појадок и ужина, до вкусна и практична пауза кога ни треба нешто што лесно се вклопува во нашиот ритам.
Од нега на лице, тело и раце, преку производи за домаќинството, па сè до производи за исхрана – издвојуваме седум производи од dm марките Balea, dmBio и Denkmit, со цени од само 49 денари.
Нептун Македонија на 17 август 2026 година, со почеток во 12:00 часот, свечено ќе го отвори продажниот салон Нептун Чаир, лоциран во Retail Park Point на Булевар Македонско-Косовска бригада бр. 67, Чаир, Скопје.