Ријана повторно го промени својот изглед преку нова боја на косата. 24-годишната пејачка на Twitter објави фотографии од својата нова црна рок фризура, кратко потстрижана над левата слепоочница.
Брус Вилис повторно стана татко на девојче. 57-годишниот актер е пресреќен поради раѓањето на неговата четврта ќерка. 33-годишната сопруга на Вилис, Ема Хеминг, се породила вчера на Денот на шегата.
Рекорден број луѓе денес ќе се вклучат во иницијативата „Часот на Земјата“. Во периодот од 20:30 до 21:30 по локално време, стотици милиони луѓе низ цел свет ќе го изгаснат осветлувањето, како симболичен гест за поддршка на борбата против климатските промени.
По успешната соработка за песната „On The Floor“, Џенифер Лопез повторно го побара Питбул за уште еден денс-поп хит. „Dance Again“ е резултатот на нивната најнова музичка соработка, а се предвидува дека ќе го продолжи успехот на „On The Floor“. Слушнете ја песната тука.
Италијанска компанија создаде фармерки кои би биле идеални за првомајските празници. Со нив седењето на трева ќе ви биде задоволство, а уште една нивна предност е што во скутот можете да си ставите чинија и да јадете. Погледнете ги тука.
Пролетното сонце ја буди желбата за експериментирање со стилот на облекување. Пред да ја подготвите вашата наредна модна комбинација, за инспирација ѕирнете низ пролетните трендови кои ги предлага „People“, претставени преку стајлингот на холивудските дами.
Енрике Иглесијас и Дев направија видеозапис за својот дует „Naked“. Во спотот двајцата пејачи се во Лас Вегас и неколкупати се среќаваат, разменувајќи си тајни насмевки. Погледнете го видеото тука.
Сигурно сте слушнале дека откажувањето од пушењето е рецепт за зголемување на тежината и можеби токму стравот од дополнителни килограми сè уште ве држи врзани за таа нездрава навика. Прочитајте како да ги откажете цигарите без да се здебелите.
Динамичната Јохана Квас ќе ве импресионира со својата подвижност и сила. Неверојатната 86-годишна гимнастичарка пред неколку дена покажа што знае и умее. Погледнете ја нејзината изведба.
За различни расположенија и makeup комбинации, dm марката trend !t up ја нуди N°1 Express Volumen Mascara во сина, кафеава и црна боја, како и во водоотпорна црна варијанта.