Непосредно пред 60-тиот роденден, Мадона сними фотосесија за италијанскиот „Вог“. Музичката суперѕвезда на некои од фотографиите позираше со близначките Естер и Стела, ќерката Мерси и синот Дејвид.
Мараја Кери, Кристина Агилера, Кание Вест, Стивен Тајлер, Лајонел Ричи, Брус Спрингстин и Ерика Баду позираа со своите деца за едиторијалот насловен „ИКОНИ: Првите семејства на музиката“.