• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Некои бебиња доаѓаат порано за да ни покажат колку се силни од првиот здив“: Лиле од Скопје за предвреме родената тројка

16 ноември 2026, 13:06
  • cподели

Мајчинството за Лиле Ѓорѓиоска од Скопје започнало поразлично од очекуваното, со многу неизвесност, страв и грижи, но и со неверојатна сила и храброст. 

Мајката на тројка сподели емотивна објава посветена на трите ќерки, Илина, Малена и Галена, кои се родени предвреме, во 34. гестациска недела.

Девојчињата на свет дошле со родилна тежина од 1.530, 1.740 и 1.870 грама, а првите 18 дена од животот ги поминале на Одделението за интензивна нега и терапија.

На Светскиот ден на предвреме родендените деца, Лиле се потсети на тешкиот почеток, на стравот, неизвесноста, солзите и молитвите, но пред сè на трите мали срца кои се бореле уште од првите денови.

„Некои бебиња не чекаат да дојде нивното време… Тие решаваат да дојдат порано, за да ни покажат колку се силни уште од првиот здив“ - напиша Лиле во објавата.

Еве ја нејзината објава во целост:

Мали по почеток, големи по храброст. Три срца, три чуда, една бескрајна мајчинска љубов. 💜

💜 За сите мали борци, за сите предвремено родени дечиња! 💜

Некои бебиња не чекаат да дојде нивното време… Тие решаваат да дојдат порано, за да ни покажат колку се силни уште од првиот здив.

Моите три мали принцези ја започнаа својата животна приказна многу порано од очекуваното. Наместо мирни денови, имавме страв, неизвесност, солзи и безброј молитви. Но имавме и три мали срца кои се бореа посилно од сè.

Денес, кога ги гледам овие фотографии, се потсетувам на секој момент, на секоја солза, на секоја победа и на чудото што го имам покрај себе. ❤️

На сите предвремено родени дечиња им посакувам здравје, сила и среќно детство. На нивните родители им посакувам надеж, трпение и верба.

Малечки по килограми, но џинови по храброст! 💜

Секој нивен здив е победа, секоја нивна насмевка е чудо! 💜
#СветскиДенНаПредвременоРодениДеца #МалиБорци #МалиГолемиЧуда

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Lile Gorgioska (@gorgioskamilivoevska)

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Lile Gorgioska (@gorgioskamilivoevska)

Денес, Илина, Малена и Галена имаат осум години, а нивната мајка со гордост гледа колку пораснале трите мали воинки кои некогаш тежеле помалку од 2 килограми.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Lile Gorgioska (@gorgioskamilivoevska)

Tags
Лиле Ѓорѓиоска

Најнови

  • „Некои бебиња доаѓаат порано за да ни покажат колку се силни од првиот здив“: Лиле од Скопје за предвреме родената тројка

    Mon, 11/16/2026 - 13:06
  • Милчо Манчевски

    „Сестра, брат и шахта“ на Милчо Манчевски го освои и Каиро

    Mon, 11/16/2026 - 13:04
  • Баланс+ со поддршка за едукацијата и грижата за лицата со дијабетес

    Mon, 11/16/2026 - 12:38
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.