• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Баланс+ со поддршка за едукацијата и грижата за лицата со дијабетес

16 ноември 2026, 12:38
  • cподели

Грижата за здравјето започнува со информираност, но и со поддршка од заедницата. Токму ова беше во фокусот на настанот што го организираше Здружението на дијабетичари на Општина Битола по повод Светскиот ден на дијабетесот, а кој Бимилк го поддржува традиционално секоја година.
Преку едукативни активности, разговори и бесплатно мерење на шеќерот во крвта, настанот им овозможи на граѓаните да дознаат повеќе за дијабетесот и за важноста на правилната исхрана, физичката активност и секојдневната грижа за здравјето.

За лицата што живеат со дијабетес, пристапот до проверени информации, стручни совети и меѓусебна поддршка е особено важен. Токму затоа, ваквите средби имаат значење што оди подалеку од одбележувањето на еден датум, тие создаваат простор за разговор, размена на искуства и поголемо разбирање. 

„За лицата со дијабетес, едукацијата и поддршката се потребни секој ден. Со овој настан сакавме да ги доближиме информациите до граѓаните и да создадеме простор за советување и размена на искуства. Преку активностите на Здружението настојуваме нашите членови полесно да ги разберат препораките за грижата за себе, вклучително и за правилната исхрана. Поддршката од компаниите ни помага да ги реализираме ваквите иницијативи и да допреме до повеќе луѓе. Му благодариме на Бимилк за поддршката и за вниманието кон потребите на нашата заедница“, изјави Душанка Атанасовска, претседателка на Здружението на дијабетичари на Општина Битола.

Баланс+ содржи внимателно избалансирана формула со пробиотици, протеини, калциум и пребиотик, кои придонесуваат за правилно функционирање на организмот и одржување на дигестивната рамнотежа. Овие својства го прават производот особено корисен за лицата со дијабет, кај кои е важно да се постигне стабилен и здрав метаболизам. Со тоа, Баланс+ претставува практична поддршка во секојдневното управување со исхраната и внесот на хранливи материи.

Со поддршката на настанот, Бимилк ја продолжува соработката со здруженијата на лица со дијабетес, потврдувајќи дека грижата за заедницата се гради и преку малите, но значајни чекори што ги правиме заедно.

 

Tags
Бимилк

Најнови

  • Баланс+ со поддршка за едукацијата и грижата за лицата со дијабетес

    Mon, 11/16/2026 - 12:38
  • Саша Ковачевиќ стана татко, со Зорана добија синче

    Mon, 11/16/2026 - 12:00
  • „Сара на мравка не гази, скриениот психопат делуваше како мирен“: Реакции за случајот со претепаната девојка од Охрид

    Mon, 11/16/2026 - 10:22
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.