Саша Ковачевиќ заплива во родителските води.
Српските медиуми споделија дека 41-годишниот музичар стана татко. Неговата сопруга Зорана се породи и на свет донесе здраво момче.
Неодамна, Ковачевиќ изјавил дека сака да присуствува на породувањето.
„Сакам да бидам покрај неа, како поддршка, но и да ги почувствувам сите убавини на татковството уште од првата секунда кога ќе дојде на свет“ - рекол тој.
По 10 години љубовна врска, Саша и Зорана стапија во брак во јуни оваа година.
Зорана има ќерка од претходен брак, која Саша ја обожава и гледа како свое дете.
„Не ѝ сум биолошки татко, но ја викам мое дете. И утре, кога ќе имам биолошко дете, Искра секогаш ќе биде мое прво дете“ – има изјавено тој.