• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Тажна вест: Почина македонскиот драматург Горан Стефановски, еден од татковците на „Бушава азбука“

27 ноември 2018, 22:36
  • cподели

Горан Стефановски замина меѓу македонските легенди. Имаше 66 години.

Познатиот драматург, кој стоеше зад „Диво месо“ (1979), „Лет во место“ (1981), „Тетовирани души“ (1985) и „Црна дупка“ (1987), почина во Велика Британија.

Стефановски беше автор и на култната ТВ серија „Бушава азбука“. Всушност, за следната година беа најавени нови епизоди од популарната серија за најмладите.

Горан Стефановски

По студирањето драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград каде што и магистрираше на тема „Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет“, Горан работеше во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа и како асистент на скопскиот Филолошки факултет. Од 1986 година беше професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност во Скопје.

Во последните години од животот, тој живееше и работеше во близина на Лондон.

Tags
Горан Стефановски

Најнови

  • „Престара за Лео Дикаприо“: Елена Ѓорговска го прослави роденденот во секси црвен стајлинг

    Sun, 09/20/2026 - 22:45
  • Славица Јанкуловска

    Раскошни цветови на црна основа: Славица Јанкуловска со ефектна креација на црвениот тепих на „Браќа Манаки“

    Sun, 09/20/2026 - 21:05
  • Зоран и Маја Љутков

    Зоран Љутков со елегантната сопруга Маја на црвениот тепих на „Браќа Манаки“ во Битола

    Sun, 09/20/2026 - 18:07
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.