„Најубавиот подарок веќе го доби – нашиот син“: Анастасија Ражнатовиќ со емотивна порака и фотографии за роденденот на Немања
Анастасија Ражнатовиќ му го честиташе роденденот на сопругот Немања Гудељ со емотивна љубовна порака, во која му се заблагодари за сè што прави за нивното семејство и со заеднички фотографии.
Ќерката на Цеца Ражнатовиќ не ја крие среќата што со фудбалерот го добија синчето Илијан и истакна дека токму нивното прво дете е најубавиот подарок којшто Немања можел да го посака:
„Среќен роденден, љубов на мојот живот. 🥹 Толку сум благодарна што те имам и за сè што правиш за нашето мало семејство. Не се сомневам дека ова ти е најсреќниот роденден досега, бидејќи најубавиот подарок веќе го доби – нашето момченце. 🩵🍼
Ти благодарам што правиш секој ден од мојот живот да се чувствувам како принцеза и што ми покажа како изгледа и како се чувствува вистинската љубов.
Бог направи да се сретнеме бидејќи знаеше дека најголемата радост и најсилната љубов ќе ги доживееме кога ќе се пронајдеме еден со друг и ќе поминеме низ сè заедно!
Не постои никој како тебе и секој што имал можност да те запознае во овој живот е неизмерно среќен! 🍀
Се молам секогаш, пред сè, да бидеш здрав и сакан! 🥰❤️За уште многу заеднички родендени! Засекогаш и секогаш, бубишка“. ❤️🫂♾️ 👵🏻👴🏻☦️
Во 2023 година Анастасија доживеа спонтан абортус и го изгуби бебето во петтиот месец од бременоста. Неколку месеци подоцна, таа и Немања направија црковна венчавка, а следната година официјално стапија во брак.
На 15 јули годинава, парот го доби Илијан. Радосната вест беше вистинско изненадување за јавноста, бидејќи Анастасија успеа да ја зачува бременоста во тајност сè до породувањето.