• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Двапати смрт, еднаш долга борба“: Ивана Лескароски со потресна исповед за трите предвреме родени синчиња

15 ноември 2026, 22:00
  • cподели

„Три пати умирав и само еднаш повторно се родив, а тоа е кога преживеа Роман“ – со потресни зборови Ивана Лескароски го одбележа Светскиот ден на предвреме родените деца.

Ивана и Роман Лескароски

Посветената мајка сподели емотивна исповед за загубата на двете синчиња Паоло и Аритон и долгата борба за животот и здравјето на нејзиниот трет син Роман.

Инспиративната мајка, која претходно во интервју за Фемина ја раскажа тешката животна приказна, со емотивни зборови потсети на трите предвремени породувања, кои наместо со радост и славење, биле исполнети со страв и солзи.

Ивана и Роман Лескароски
Роман Лескароски

За Ивана, денот посветен на малите херои е потсетник и на најголемата болка и на најголемата животна победа. Нејзината објава во целост:

Роман 21.02.2015 крај на шести месец Аритон 10.09.2013 осми месец. Паоло 5.03.2012 осми месец

Денес е светски ден на предвремено родени деца херои, јас три пати баш такви си родив. Три пати умирав и само еднаш од тие тие повторно се родив а тоа е кога преживеа Роман. Ни на една рожба немаше радост туку болка и солзи, немаше прослави и мекици туку исчекување и два пати смрт еднаш долга борба која трае до ден денес, немаше среќни родители туку спремни за црно сценарио. И немојте мене за болка, искушенија, предизвици, немојте зашто моите 37 години не ги посакувам на никој а некој нема да ги доживее и во свои 100 години. Патот од кој се враќам некој не ни зачекорел ни на почетокот.

Да херои се но херои со безброј игли, сонди, апарати на нив… Роман е една успешна приказна која ако не беше во „рацете“ на @acibademsistina ќе го доживееше истото сценарио како неговите браќа зашто познато на сите е дека студиата покажува:на ГАК во 2012 имало 71 рано неонатално починато новороденче, а во 2013 - 94, при вкупно 4.993 и 5.714 новородени соодветно. Перинаталната смртност била 26,8%o во 2012 и 34,13% во 2013.

Со тоа се заклучува дека стапките на фетален, неонатален и перинатален морталитет на УГАК во периодот 2011-2017 биле високи во споредба со соседните и европските земји а за жал моите деца се дел од оваа стапка. Паоло почина после само неколку денови живот додека пак Аритон после неколку месеци… Затоа го наведувам и периодот и годините за кои зборувам и за хоророт кој го поминавме јас и моите деца.

Роман е сосем поинаква приказна од моментот кога почна да се храни примаше мое млеко, го држев неговото прсте, бев присутна на секоја негова промена, додека со моите други две деца ми беа скратени сите права освен гледање преку стакло… Работите сега биле променети и ме радува тоа зашто ни една мајка не би сакала да го доживее мојот пат и секоја мајка е потребна на своето бебе како најсоодветен “лек” во тие денови кога имаат животна борба. Овој ден за мене е посебен во секоја смисла на зборот на овој ден ја славам и радоста и тагата…

Роман Лескароски
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Proud parents of Roman 🤍 (@ivana_roman_dejan)

Семејството Лескароски

Светскиот ден на предвреме родените деца од годинава официјално се одбележува на 15 ноември, наместо на 17 ноември, како што беше досега. Новиот датум е утврден од Светската здравствена организација, со цел денот да добие свое место во глобалниот здравствен календар и да не се преклопува со Светскиот ден за елиминација на ракот на грлото на матката.

Годинешната тема е „Мали бебиња, голем потенцијал: Инвестирајте во понатамошната грижа за да ја заштитите нивната иднина“, со која се нагласува важноста на континуираната медицинска грижа, следењето на развојот и поддршката за предвреме родените деца и нивните семејства.

Tags
Ивана Лескароски
Роман Лескароски

Најнови

  • Ивана и Роман Лескароски

    Двапати смрт, еднаш долга борба“: Ивана Лескароски со потресна исповед за трите предвреме родени синчиња

    Sun, 11/15/2026 - 22:00
  • Клара Кокев

    „Често знаеме да се облечеме речиси идентично, па дури и да делиме одредени парчиња облека“: Клара Кокев за мајка си Тања и љубовта кон модата

    Sun, 11/15/2026 - 15:15
  • Блеска и на 52 години: Ирена Спировска гламурозна водителка на Фолк Фест Роса

    Fri, 11/13/2026 - 22:33
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.