• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Од погуста коса на изглед до свежа облека: Овие ноември новитети во dm ќе ве заинтересираат!

13 ноември 2026, 15:49
  • cподели

Ноември носи бројни новитети во продавниците на dm drogerie markt, а од богатата понуда овојпат издвојуваме четири производи што заслужуваат внимание и можат да ги збогатат секојдневните рутини за нега на косата и одржување на облеката. Во фокусот се три производи од линијата PANTENE PRO-V GROW ABUNDANT, наменети за тенка, ослабена и кршлива коса, како и течниот детергент од dm марката Denkmit, кој нуди ефикасно чистење и нежна нега на текстилот.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by dm_makedonija (@dm_makedonija)

За сите што се соочуваат со тенка и кршлива коса, PANTENE PRO-V GROW ABUNDANT шампонот, 290 мл, претставува интересен новитет за почеток на рутината за нега. Неговата формула содржи комплекс со 900 мг провитамини и ниацинамид, а е развиена за нежно чистење на косата и подобрување на нејзината отпорност на надворешни влијанија. Според производителот, шампонот помага во намалување на опаѓањето предизвикано од кршење на влакната, додека употребата на целата линија GROW ABUNDANT може да придонесе за видливо погуст, подолг и посилен изглед на косата.

PANTENE PRO-V GROW ABUNDANT шампон

По миењето, негата продолжува со PANTENE PRO-V GROW ABUNDANT балсамот за коса, 250 мл, специјално развиен за потребите на тенката и ослабена коса. Неговата формула, збогатена со Pro-V комплекс и аминокиселини, помага во зајакнувањето на влакната и подобрувањето на нивната отпорност на оштетувања при стилизирање. Со редовна употреба, балсамот може да придонесе за поздрав и визуелно погуст изглед, а воедно ја надополнува секојдневната нега на косата што лесно се крши и е изложена на надворешни влијанија.

PANTENE PRO-V GROW ABUNDANT балсам за коса

За коса на која ѝ е потребна поинтензивна нега, тука е PANTENE PRO-V GROW ABUNDANT маската за коса, 300 мл. Нејзината богата формула со Pro-V комплекс и аминокиселини длабински ги храни оштетените влакна и помага во зголемување на нивната отпорност на кршење. Особено е погодна за коса изложена на често фенирање и обликување, на која ѝ е потребно дополнително внимание за да изгледа поздраво, посилно и погусто. Маската претставува дополнување на рутината за оние што сакаат да ѝ обезбедат поинтензивна нега на својата коса.

PANTENE PRO-V GROW ABUNDANT маска за коса

Покрај новитетите за нега на косата, ноемвриската понуда во dm носи и практични решенија за одржување на облеката. Меѓу нив се издвојува Denkmit Gentle Touch, течен детергент за 22 перења, наменет за бели и обоени текстилни производи. Неговата формула обезбедува темелно чистење во длабочина на влакната, а истовремено е нежна кон ткаенините, помагајќи облеката да остане чиста и негувана. Дополнителна предност е неговата ефикасност и при ниски температури, што го прави практичен избор за секојдневно перење.

Denkmit Gentle Touch, течен детергент

Овие четири производи се само дел од широката понуда на ноемвриски новитети во dm, која носи нови можности за секојдневна нега и одржување на домот. Без разлика дали барате производи за тенка и кршлива коса или практични решенија за чиста и негувана облека, во dm можете да откриете новитети приспособени на различни потреби.

Посетете ги продавниците на dm, истражете ја богатата понуда и пронајдете ги производите што најдобро одговараат на вашата секојдневна рутина!
 

Tags
dm

Најнови

  • Стопанска банка со промотивен депозит за кој каматата се исплаќа однапред

    Fri, 11/13/2026 - 16:04
  • Од погуста коса на изглед до свежа облека: Овие ноември новитети во dm ќе ве заинтересираат!

    Fri, 11/13/2026 - 15:49
  • Цеце Николова шармантна деверуша во зелена креација на свадба

    Fri, 11/13/2026 - 14:53
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.