Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Чарли Шин виновен за домашно насилство, а без затворска казна

Чарли Шин виновен за домашно насилство, а без затворска казна

Холивудскиот актер Чарли Шин призна дека е виновен за напад врз неговата сопруга, но и покрај тоа не доби затворска казна.

Чарли Шин со својата сопруга БрукЧарли Шин со својата сопруга Брук

Во спогодба со обвинителите во Аспен, Шин беше осуден на 3-месечна условна казна, 30 дена рехабилитација и 36 часа советување за домашно насилство.

Неговата сопруга, Брук Шин, го обвини 44-годишниот актер дека ѝ се заканувал со убиство и ја заплашувал со нож откако таа му кажала дека сака развод. Чарли Шин пак во своја одбрана кажал дека имале расправија, бидејќи бил вознемирен поради разводот, но не признал дека ѝ се заканувал.

По инцидентот кој се случи околу Божиќ, и Брук и Чарли посетуваа програма за рехабилитација, а сега неговиот адвокат потврди дека Шин се трезни со месеци.

Чарли Шин, кој се прослави со филмските хитови „Wall Street“ и „Hot Shots“ наскоро ќе го продолжи снимањето на новата сезона од серијата „Two and a Half Men“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.