Бик (20. IV – 20. V)

Петок, 12 Септември 2025

Денешниот ден е како создаден за вас и ќе ви биде како сцена на која ќе блескате. Ќе бидете вистински лидер меѓу пријателите и ќе ја диктирате забавата. Но, не заборавајте да им дадете простор на другите да се чувствуваат специјално покрај вас.

Љубовниот живот ќе ви биде полн со страст! Ако сте слободни, очекувајте жесток флерт. Ако сте во врска, време е за жежок викенд со партнерот.

Септември, 2025

Септември носи магија што тешко ќе можете да ја игнорирате. Две еклипси ја раздвижуваат космичката сцена, Венера ви подарува моменти за кои ќе раскажувате, а Марс ви пали искри што се претвораат во пламен. Започнува месец кога љубовта може да ве најде токму таму каде што најмалку очекувате. Подгответе се за возбудливи флертови, креативни победи и нови навики кои ќе ви донесат повеќе енергија и насмевки.

Месецот започнува со силна внатрешна рефлексија. Имено, Сатурн на 1 септември ретроградно се враќа во Риби, вашата 11-та куќа на пријателствата и групните врски. Ова може да донесе преиспитување на некои љубовни врски кои се развивале преку друштвото или социјалните мрежи, а можно е и некој од друштвениот круг да ви признае дека има романтични чувства кон вас.

На 2 септември Меркур влегува во Девица и ја активира вашата 5-та куќа на романтиката и забавата. Флертот ќе биде секојдневие, а шармантни средби ќе доаѓаат спонтано... на кафе, на забавен или уметнички настан или преку хоби. Во врска сте? Очекувајте повеќе игра и смеа во врската.

На 6 септември Уран започнува ретроградно движење во Близнаци, вашата 2-ра куќа на вредностите и личната сигурност. Љубовта може да се испреплети со финансиските прашања, па да искрснат неочекувани разговори со партнерот за заеднички буџет или пак дилеми за тоа колку вложувате во врската.

На 7 септември тоталната лунарна еклипса во Риби може да донесе кулминација на долгогодишно пријателство што прераснува во љубов. Некој кој одамна е покрај вас конечно ќе покаже што чувствува.

На 18 септември, со Меркур во Вага и вашата 6-та куќа, љубовните разговори ќе станат посериозни. Партнерот ќе сака да зборува за секојдневниот живот и за тоа како да изградите практична иднина заедно. Ова е период за љубовни планови и реални договори.

На 19 септември Венера влегува во вашата 5-та куќа, па ова е еден од најромантичните космички моменти за вас во 2025 година! Очекувајте заљубувања на прв поглед и флерт-игри кои се развиоруваат кога најмалку ги очекувате. Во врска сте? Ви претстои љубовна преродба и моменти како од романтичен филм.

На 21 септември младата месечина и соларната еклипса во вашата 5-та куќа носат ново љубовно поглавје. Ако сте во врска, може да слушнете предлог за брак или за заеднички живот. Доколку сте слободни, љубовна авантура може да започне токму на овој ден.

На 22 септември Марс влегува во вашата 7-ма куќа на партнерствата. Ова е силен поттик за врските, т.е. страста се зголемува, а некои Бикови ќе почувствуваат силна привлечност кон личност која ќе им стане повеќе од авантура.

Истовремено, Сонцето преминува во вашата 6-та куќа, нагласувајќи ги секојдневните обврски и практичната страна на љубовта. Заедничките планови и грижата еден за друг ќе ја направат врската поцврста.

Пари и кариера

Со Сатурн ретрограден во вашата 11-та куќа од 1 септември, ќе размислувате кои деловни тимови и проекти вреди да ги продолжите, а со кои треба да завршите. Некои соработки можат да се покажат како товар, па време е за селекција.

На 2 септември, со Меркур во вашата 5-та куќа, идеите ќе течат со леснотија. Креативните проекти, маркетингот или работата со деца ќе бидат во прв план. Ќе имате инспирација која може да донесе финансиски резултати.

На 6 септември Уран ретрограден во вашата 2-ра куќа може да донесе нестабилност во финансиите, но и можност да се вратите на стари начини на заработка. Добро е да бидете внимателни со непредвидени трошоци.

Лунарната еклипса на 7 септември може да донесе крај на долгогодишен проект, но отворање на врата за нови професионални соработки.

На 18 септември, Меркур ќе ве натера да ја средите агендата и да преговарате за услови на работа. Можно е да добиете предлог за нов ангажман кој бара дисциплина, но носи стабилност.

На 19 септември, Венера преминува во вашата 5-та куќа и носи финансиски успеси преку креативност, уметност или хоби. Може да заработите токму преку нешто што ви е задоволство.

Со соларната еклипса на 21 септември започнува нова креативна фаза во кариерата. Некои Бикови ќе најдат работа поврзана со медиуми, забава или уметност.

На 22 септември, Марс во вашата 7-ма куќа ќе ја раздвижи деловната соработка. Ќе се појават нови партнери или клиенти со кои ќе постигнете заеднички успех.

До крајот на месецот ќе почувствувате дека креативноста и партнерствата ви носат најголем напредок. Финансиите можеби ќе варираат, но долгорочно сте на добар пат кон стабилност.

Здравје

Од 1 септември, со Сатурн ретрограден во вашата 11-та куќа, ќе почувствувате потреба да се дистанцирате од стресни групни активности и да се посветите на сопственото здравје.

Со Уран ретрограден од 6 септември, треба да внимавате на исхраната и стабилноста во навиките. Можно е импулсивно да се предадете на храна или навики што не ви користат.

На 7 септември лунарната еклипса може да ви донесе емоционален исцрпувачки момент со пријателите, па ќе ви биде потребно време за одмор и мир.

Со соларната еклипса во вашата 5-та куќа, на 21 септември ќе започнете нов циклус на здрави навики поврзани со рекреација и креативност. Ова може да биде почеток на фитнес-патување што ќе трае.

Слаба страна во септември ќе ви бидат коските и забите.

2025 година

Љубов

Страст, интимност и важни одлуки ќе ви го одбележат љубовниот живот во 2025 година. Првата половина од годината ќе ве поттикне на интроспекција и расчистување со минатото, додека втората, ќе донесе нова енергија и можности за зацврстување на врските. Ќе се соочите со предизвици кои ќе бараат компромис, но и моменти на неочекувана радост и љубовни авантури. Без разлика дали сте во врска или слободни, ѕвездите ќе ве водат кон емоционална стабилност и љубов која носи длабоко приврзување и радост.

2025 година започнува со Венера во риби, активирајќи ја вашата 11-та куќа на пријателствата и заедничките цели. Ова влијание создава романтична магија, особено во кругот на пријателите. Ќе бидете инспирирани од луѓето околу вас, а некои познанства може да прераснат во љубовни авантури. Биковите кои се во врска ќе почувствуваат силна поддршка од партнерот во однос на нивните лични амбиции, а сингл биковите ќе се поврзат со луѓе со кои имаат исти животни вредности и соништа.

Кога Венера ќе влезе во овен на 4 февруари, ќе нурнете подлабоко во вашите емоции. Бидејќи ќе биде осветлена вашата 12-та куќа на скриените чувства, ќе размислувате за неисполнети желби и тајни љубовни приказни. Ова е време на интроспекција и личен раст, но истовремено може да донесе и неочекувани средби кои ќе разбудат „заборавени“ чувства.

Ретроградната Венера во овен од 2 до 27 март ќе ве врати кон минатото. Ќе се навраќате на љубовни врски што не завршиле пријателски или ќе размислувате за луѓе кои оставиле трага во вашето срце. Овој период е совршен за затворање на емоционалните рани и расчистување со она од кое повеќе немате корист. Внимавајте, затоа што ќе бидете склони да идеализирате.

Откако Нептун ќе премине во овен на 30 март, ќе се ослободите од илузиите за некои врски. Ова ќе биде време на лекување на старите љубовни рани и подготовка за љубов која е искрена, трајна и исполнета со разбирање.

Со полната месечина во шкорпија на 13 мај, љубовниот живот ќе ви цвета. Вашата 7-ма куќа на партнерствата ќе биде потенцирана, па ова е време кога важни разговори може да ги зацврстат врските, но и да ги разрешат тензиите. Ќе треба да дефинирате каде стоите во љубовта, а некои бикови ќе одлучат да направат следен чекор во врската – брак, свршувачка, вселување под ист покрив со саканиот, деца... Сингл сте? Ова е ден кога веројатноста да споите усни со ваш обожавател е огромна.

Од 9 јуни Јупитер во рак ќе донесе хармонија и емотивна сигурност во љубовниот живот. Вашата 3-та куќа на комуникацијата ќе биде нагласена, што значи дека ќе уживате во длабоки разговори со партнерот. Ќе откриете нови страни на вашиот однос и ќе почувствувате дека емоционалната поврзаност е посилна од кога било.

Од 17 јуни до 7 август Марс ќе се движи низ девица, вашата куќа на флертувањето и креативноста. Ќе бидете полни со страст и желба да направите романтична ренесанса. За оние што се во врска, ова ќе биде одличен период за романтични гестови и заеднички активности кои ќе им ја зацврстат врската со партнерот. Слободните бикови ќе привлечат нови лица благодарение на нивниот зголемен шарм и самодоверба.

На 21 септември ќе настапи млада месечина во девица, а воедно ќе има и делумно затемнување на Сонцето што ќе внесе нова динамика во вашиот љубовен живот. Оваа еклипса ќе ја активира вашата 5-та куќа на романтиката, изненадувајќи ве со нови авантури и љубовни искуства. Биковите кои се во врска ќе ја оживеат страста, а слободните бикови ќе се впуштат во врски кои ќе бидат исполнети со возбуда и флерт игри без крај.

Полната месечина во вашиот знак на 5 ноември ќе ви донесе чувство на исполнетост и стабилност во љубовниот живот. Ќе го цените она што сте го изградиле со партнерот и ќе почувствувате благодарност. Сингл сте? Ова е време за негување на самопочитта и за јасна визија за тоа каква љубов посакувате. Некои бикови ќе крунисаат долг флерт со страсни бакнежи, други ќе ѝ дозволат да ги води сексуалната хемија, трети ќе наздрават за свршувачка.

На 30 ноември Венера ќе влезе во стрелец, носејќи интензивни чувства и страст во вашиот љубовен живот. Последниот месец од 2025 година е идеален за продлабочување на интимноста и за ослободување од сомнежите. Љубовта ќе стане ваш приоритет. Сингл биковите ќе почувствуваат привлечност кон личност која е обвиена во мистерија.

Пари и кариера

2025 година ќе ви биде година на финансиска стабилност и професионален раст. Планетите ќе ве поттикнат да донесувате мудри одлуки и да ги максимизирате можностите за заработка. Преку промислени потези и стабилна работа, ќе создадете основа за долгорочен успех.

Годината започнува со ретрограден Марс во рак, што ќе ја активира вашата 3-та куќа на комуникацијата и кратките патувања. Ова е период кога треба да ги преиспитате вашите професионални стратегии и да се фокусирате на завршување на старите проекти. Бидете внимателни при комуникацијата со колегите и клиентите, бидејќи недоразбирањата може да доведат до пробивање на рокови.

На 4 февруари, Јупитер ќе премине во директно движење во близнаци, активирајќи ја вашата 2-ра куќа на парите и личните ресурси. Тогаш започнува клучен период за зголемување на приходите. Ќе имате можност да креирате нови извори на заработка, особено преку проекти што вклучуваат трговија, продажба или комуникациски вештини. Искористете ја енергијата на Јупитер за инвестирање во вашите таленти и способности.

До 24 мај, Сатурн ќе влијае врз вашата 11-та куќа на долгорочните цели и тимската работа. Ќе ја зајакнете вашата професионална мрежа и ќе соработувате со луѓе кои споделуваат слични вредности. Првите пет месеци од годината се идеални за поставување на амбициозни цели.

Делумното затемнување на Сонцето на 29 март ќе ја активира вашата 12-та куќа на скриените проекти и подготовки. Оваа еклипса ќе ве поттикне да го преиспитате начинот на кој се справувате со финансиските предизвици. Ќе имате прилика да започнете нов професионален циклус кој ќе донесе долгорочна стабилност, но прво ќе треба да ги завршите постоечките обврски.

На 9 јуни Јупитер влегува во рак, активирајќи ја вашата 3-та куќа на комуникацијата и локалните проекти. Ќе го проширите вашето влијание преку нови соработки, курсеви или патувања. Ова е време кога вашиот интелектуален напор ќе ви донесе финансиски бенефиции, особено ако вложите во едукација или технологија.

Марс на 17 јуни ќе ја осветли вашата 5-та куќа на креативноста, носејќи инспирација и енергија за започнување на нови проекти. Ова е одлично време за ризични потези што можат да донесат големи награди. Креативноста ќе ви биде најголема предност, па фокусирајте се на проекти што ја истакнуваат вашата индивидуалност.

Соларната еклипса на 21 септември ќе го активира вашиот сектор на креативноста и самостојните проекти. Ова е ден за преземање иницијативи кои ќе донесат голема заработка. Бидете подготвени за неочекувани можности што ќе ви овозможат значително да си ја подобрите состојбата на банкарската сметка.

На 8 ноември Уран со ретроградно движење ќе влезе во вашиот знак и ќе ја активира вашата 1-ва куќа на личниот идентитет, носејќи изненадувања и промени во вашиот пристап кон заработувањето. Ќе воведете иновации во начинот на кој ги управувате вашите финансии. Вашата флексибилност и подготвеност за промени ќе бидат клучни за успех.

Последниот месец од 2025 година ќе помине со Венера во стрелец, односно активирање на вашата 8-ма куќа на заедничките финансии и инвестиции. Ова ќе биде одличен период за инвестирање, особено во долгорочни проекти. Ќе имате можност да ги консолидирате вашите финансии и да создадете стабилност за иднината.

2025-та дефинитивно ќе биде година на можности за зголемување на приходите и градење на долгорочна финансиска сигурност. Вложете ја вашата енергија во проекти кои носат стабилност и раст и бидете подготвени за нови предизвици што ќе ве издигнат на повисоко професионално ниво.

Здравје

На почетокот на годината, под влијание на ретрограден Марс, потребно е повеќе да внимавате на вашата исхрана и дигестијата. Фокусирајте се на балансирана исхрана и редовна физичка активност.

Полната месечина на 14 март која доаѓа со лунарна еклипса ќе ве поттикне да се фокусирате на вашата 6-та куќа на здравјето и рутините. Воведете нови здрави навики и тие ќе останат во вашето секојдневие.

Со Сатурн во риби до 24 мај, ќе почувствувате потреба за постигнување на емоционален баланс и посилна грижа за менталното здравје. Медитацијата ќе биде клучна за намалување на стресот.

Марс во Девица од 17 јуни ќе внесе енергија за подобрување на вашите навики за вежбање. Ќе бидете мотивирани да се посветите на активности кои го зајакнуваат вашето тело и дух.

Со Венера во Рак од 31 јули, ќе бидете склони да се поврзете со природата и да пронаоѓате мир во вашето секојдневие. Ова е време за релаксација и уживање во мали задоволства.

На 5 ноември полната месечина во вашиот знак ќе ви ја подигне свеста за важноста на стабилноста и грижата за вашето физичко и емоционално здравје. Ќе ја завршите 2025 година со обновена сила и мотивација за одржување на здрав начин на живот.

Општи карактеристики за бик

Чувствителниот бик е управуван од Венера, планетата на љубовта и убавината. Ако сте родени во овој знак, тогаш вие ја обожавате добрата храна, романтиката и убавите работи. Венера ги изострува вашите пет сетила на повисоко ниво, па најсреќни сте кога сте опкружени со најдоброто - сатенски чаршафи, гурмански вечери, чаша црвено вино. Вие сте многу чувствителни и се насладувате на животот и на физичките задоволства кои излегуваат на вашиот пат.

Како бикот и вие работите многу напорно и сте најупорниот знак во хороскопот. Функционирате со две брзини - или целосно сте релаксирани или „со главата напред“ се стремите кон целта.

Бикот е знак спротивен на шкорпијата. Шкорпијата сака да ги наследува придобивките на другите, а бикот најмногу ги цени личните придобивки. Најнегативна ваша карактеристика е вашата склоност да ги поседувате најлуксузните предмети. Тоа може да ве доведе до крајности, особено кога ќе решите дека некој предмет треба да биде ваш, што ве прави материјалисти во очите на другите.

Како претставник на земните знаци ги обожавате дејностите на отворено. Силни и мускулести – вие сакате да си ја покажувате силата. Во љубовта сте многу романтични, верни, но и многу љубоморни. Секогаш знаете што сакате и ништо не може да ве спречи да ја остварите вашата цел. Се придржувате до вашите погледи и не ги менувате освен ако нема доволно добра причина за тоа.

Знаете да бидете тврдоглави, но позитивна страна е тоа што сте лојална личност на којa може секој да се потпре. Само внимавајте да не заглавите засекогаш во вашата сигурна зона и вашиот живот да започне да стагнира. Ризикувајте и пробајте нешто ново! Понекогаш промената и ризикот можат да го доведат прогресот и добивката кои ги посакувате.

Симбол:
Бик

Симболизира:
Силата на волјата, тврдост, стабилност, издржливост, чувствителност, конкретност, музика.

Елемент:
Земја

Планета:
Венера - планетата на убавината и љубовта.

Ден од седмицата:
Петок

Боја:
Зелена и сина.

Број:
2 и 6.

Скапоцени камења:
Аквамарин, смарагд.

Најдобри професии:
Пејачи, музичари, оратори, администратори, сметководители, градинари, еколози, ветеринари, економисти, банкари.

За да се спријателите со нив:
Не се спротивставувајте на нивните идеи! Често канете ги на некое место да јадете заедно.

Дел од телото:
Врат, грло, вилица.

Добри карактеристики:
Трпеливи, практични, внимателни со парите, одговорни, организирани, романтични, внимателни, посветени, грижливи, секогаш подготвени да дадат морална поддршка, добри кулинари.

Лоши карактеристики:
Премногу попустливи, инаетчии, бавни, мрзеливи, тврдоглави, суетни, премногу претпазливи, евтини, завидливи, љубоморни, материјалисти.

Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Длабоки и сентиментални очи; долг и елегантен врат; карактеристична вилица.

Омилени работи:
Фотографирање, планини, добра музика, добра храна, сатенски чаршафи.

Работи кои ги мразат:
Хотели, утра, валкани работи, да бидат избрзувани, бесцелно трошење пари.

Можете да ги најдете:
Споредувајќи ги цените при купување на луксузни работи; пеејќи во бенд или хор; работејќи три работи едновремено; изложувајќи слики во уметничка галерија.

Скриена желба:
Да го поседуваат најдоброто!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28972 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.