Синот на Тони Михајловски порасна.
Максим денес го слави својот 14-ти роденден, а по тој повод мајка му Александра Јорева Михајловски сподели фотографии од убави моменти од неговото растење. На една од фотографиите, Максим позира како бебе со голема плишена мечка, на друга тренира, на трета е на плажа, на четврта слика...
„Од семе до преубаво момче. Со изграден карактер, со јасна визија и план за животот. Секогаш верувај во себе и чувај го детето во тебе“ – напиша Александра.
Максим е единствено заедничко дете на Тони и Александра кои стапија во брак пред 14 години. Тој има уште еден син, Александар, од првиот брак.
