Сопругата на Игор Стефановски-Иџе денес слави роденден.
По тој повод, македонскиот професионален рели возач сподели слатка честитка преку социјалните мрежи за неговата „најголема поддршка“. Иџе објави албум со фотографии со саканата Емче, која е присутна на секоја негова трка и на секој важен настан во неговиот живот.
На една од фотографиите, тие се бакнуваат пред трка, на друга се во публиката на „Златна бубамара“, на третата позираат во природа, а на четвртата се прегрнуваат со нивните две деца Олег и Нина.
„Среќен роденден на најголемата поддршка во мојот живот“ – напиша Иџе.
Игор и Емилија се во брак 18 години. Тој не крие колку е среќен што ја има покрај себе и често споделува фотографии со неа.
