Првиот тизер трејлер за филмот за Мајкл Џексон е тука.
Главната улога во филмот за Кралот на поп музиката му припадна на неговиот внук, Џафар Џексон, кој го игра неговиот лик.
Трејлерот за „Michael“ открива сцени од спектакуларни настапи, со препознатливи костими и движења кои веднаш асоцираат на Мајкл, како и сцени од приватни моменти и од неговите први чекори кон ѕвездената кариера.
Првите фотографии од снимањето на филмот беа објавени во февруари минатата година и покажуваа дека Џафар е негова копија. „Со Џафар, секој поглед, секоја нота, секој танцов потег е Мајкл. Тој го долови Мајкл на начин на којшто не би можел ниту еден друг актер“ – изјавил тогаш продуцентот Грем Кинг.
Џафар е син на братот на Мајкл, Џермејн.
Мајкл ќе започне да се прикажува во киносалите на 24 април.
