Водолија
20 јан – 18 фев
Недела, 14 декември 2025
Денешниот ден ќе ви го намали темпото и ќе ви донесе можност да ги средите мислите. Ќе почувствувате потреба да се повлечете од гужвата и да си дадете време само за себе. Тишината ќе ви биде најдобар сојузник.
Во љубовта, искрен разговор ќе донесе олеснување. Кажете го она што го чувате во себе, ќе се изненадите колку лесно ќе се расчистат недоразбирањата.
Декември, 2025
Љубов
Декември ви носи забава, романтика и пресврти кои дури ни вие, како Водолија, не можете да ги предвидите. Ќе има неочекувани покани, флерт во најчудни моменти, смешни ситуации кои завршуваат со голема хемија, но и можност да направите луд потег.
Полната месечина на 5 декември ја осветлува вашата 5-та куќа и ги буди вашите најслатки љубовни желби. Водолиите кои не се во врска може да доживеат средба која ќе им сугерира дека пред нив стои оној Вистинскиот. Флертот ви цвета, допирите се подолги, а погледите поигриви. За Водолиите во врска, ова е вечер на интензивна страст и обновена романтика, со можност партнерот да ве изненади со предлог за брак, заедничко живеење или разговор за деца.
До 21 декември Сонцето се движи низ вашата 11-та куќа и ви носи љубов преку пријателства, групи, настани и заеднички дружби. Некој од кругот на блиски луѓе може одеднаш да се отвори пред вас со признание што ве остава збунети, но пријатно возбудени. За Водолиите кои се во врска, ова е период на заеднички планови, разговори за иднината и моменти што личат на подготовка за нешто поголемо.
Мистериозниот Нептун преминува во директно движење на 10 декември и ја активира вашата 2-ра куќа, па ви носи чувство на стабилност, односно конечно знаете каде стоите. Ќе добиете знаци од партнерот дека со вас гледа долгорочен сојуз. Водолиите кои не се во врска може да почувствуваат дека личност која интензивно ги контактира е искрено заинтересирана за освојување на нивното срце.
Меркур на 11 декември влегува во вашата 11-та куќа и ги отвора љубовните разговори. Започнува период на закачливи пораки, долги ноќни чатувања, игриви комплименти и разговори што се движат опасно блиску до признание. Некоја ситуација што почнува како шега може да прерасне во сериозна искра.
Жешкиот Марс на 15 декември ја осветлува вашата 12-та куќа. Очекувајте притаени допири, интимни ноќи, скриени желби. Водолиите кои се во врска може да доживеат еротски моменти кои долго ќе им останат врежани во сеќавањата. Слободните Водолии може да бидат привлечени од личност која внесува мистерија и возбуда во нивните животи.
Младата месечина на 20 декември создава ново љубовно поглавје во вашата 11-та куќа. На овој датум љубовта може да „кликне“ силно и одеднаш.
На 21 декември Сонцето ја продлабочува вашата 12-та куќа, носејќи интимност, доверба и подлабоки чувства. Кога станува збор за врските на водолиите, ова е време на заеднички тајни, блискост и разговори што ве прават уште посигурни дека сте со вистинската личност. Некои Водолии може да го слушнат првото „те сакам“.
На 24 декември и Венера влегува во истата куќа и носи длабока сензуалност, суптилни романтични гестови, топли прегратки и празнични магични моменти. Можно е партнерот да ве покани кај неговите родители, да добиете симболичен подарок што има значење, па дури и да се отвори тема за сериозен чекор како заеднички живот или свршувачка.
Пари и кариера
Ќе брилирате во декември на професионален план. Полната месечина во Близнаци на 5 декември ја активира вашата 5-та куќа и ви носи завршување на важен проект со апсолутен успех. Вашите идеи блескаат, ваша презентација се памети, вашата креативност ве издигнува. Можно е признание, пофалба, медиумски интерес или неочекуван бонус.
Сонцето во 11-та куќа до 21 декември ви носи силни професионални контакти. Луѓе што долго ги почитувате сега се подготвени да соработуваат со вас. Ова е месец за тимска работа што завршува со импресивни резултати.
Кога Нептун преминува во директно движење во 2-рата куќа на 10 декември, финансиските ситуации што биле нејасни добиваат разврска. Може да завршите документација, да добиете исплата што ја чекате или да видите стабилност во вашите приходи.
Комуникативниот Меркур на 11 декември носи позитивни разговори и состаноци. Вашиот мозок работи брзо, вашите зборови се уверливи и вашето присуство во преговори е силно.
Престојот на Марс во Јарец од 15 декември ви дава неверојатна деловна интуиција. Ќе донесете одлуки што на почеток изгледаат смели, а подоцна испаѓаат генијални.
Младата месечина во Стрелец на 20 декември носи нови професионални почетоци преку мрежи, контакти и препораки. Ќе добиете шанса што ќе ве издигне нагоре во кариерата.
На крајот на месецот, Сонцето и Венера се здружуваат во вашата 12-та куќа, па влегувате во тивка, но многу продуктивна фаза. Се подготвува нешто големо за 2026 година.
Здравје
Декември ќе ве подучи дека колку и да сте растрчани на сите страни, морате да си издвоите време за релаксација и квалитетен сон.
Полната месечина на 5 декември носи енергетски подем и подобра кондиција. Ќе сакате повеќе движење, танц, тренинг, забава...
Сонцето во 11-та куќа до 21 декември ви носи ментална свежина, подобро расположение и силен мотив за нови здрави навики.
Преминувањето во директно движење на Нептун на 10 декември ви ја стабилизира психичката енергија. Лесно ќе се ослободувате од напнатост.
Марс од 15 декември ве поттикнува на подобра грижа за сон, одмор и емоционална рамнотежа.
Венера на 24 декември ви носи смирена енергија, со која задоволно ќе пловите низ празничната сезона.
2025 година
Љубов
2025 година ќе биде исполнета со љубовни искри, романтични авантури и значајни пресврти за водолиите. Вашиот љубовен живот ќе блесне со нова енергија, носејќи моменти кои ќе ги паметите цел живот. Ова е година за љубовни одлуки, длабоки нови врски, зајакнување на постоечките односи и создавање на романтични спомени кои ќе траат засекогаш.
Годината започнува со Венера во риби, вашата 2-ра куќа на животните вредности и сензуалноста. Романтичната планета ќе се движи тука од 3 јануари до 4 февруари и ќе ви носи стабилност и хармонија во љубовните односи. За водолиите кои се во врска, почетокот на годината ќе биде исполнет со разговори за заеднички планови и јакнење на довербата. Ако сте сингл, љубовта може да дојде преку личност која ги споделува вашите гледишта на животот и го поддржува вашиот уникатен начин на размислување.
На 4 февруари Венера преминува во овен и ја активира вашата 3-та куќа на комуникацијата. Љубовта ќе биде динамична и возбудлива, со спонтани разговори и искрени моменти. Паровите ќе внесат нова енергија во врската преку авантуристички идеи или заеднички патувања. Ако сте сингл, љубовта може да дојде преку неочекувани средби или дури и преку пријателски разговор што ќе се претвори во нешто повеќе.
Ретроградната Венера во овен од 2 до 27 март ќе ве врати кон старите љубовни приказни. Ова е време за размислување за минатите односи и за тоа што навистина сакате во љубовта. Некои водолии може да се сретнат со поранешен партнер или конечно да осознаат каде да ги насочат нивните романтични емоции.
Соларната еклипса во овен на 29 март ќе донесе нови љубовни можности. Ако сте во врска, ова е време за сериозни љубовни одлуки – свршувачка, планирање на заеднички живот или дури и раѓање на дете. За слободните водолии, оваа еклипса носи можност за средба со личност која ќе ги разбуди вашите страсти и ќе ве инспирира за нов почеток.
На 18 април огнениот Марс ќе влезе во вашата 7-ма куќа на партнерствата. Љубовта ќе биде импулсивна и интензивна, а вие ќе бидете подготвени да ја покажете вашата страст и посветеност. За паровите, ова ќе биде време на експлозивна страст од која ќе им трепери телото. Ако сте сингл, ќе се почувствувате магнетски привлечни и подготвени да ја пронајдете љубовта. Марс ќе ви донесе голем број на обожаватели, а некои од нив тешко ќе се откажуваат од борбата за освојување на вашето срце.
Полната месечина во шкорпија на 12 мај ќе ја осветли вашата 10-та куќа на кариерата. Љубовта може да дојде преку професионалните кругови или личност која споделува слични амбиции со вас. Паровите ќе најдат нов баланс помеѓу кариерата и љубовта, што ќе го зајакне нивниот однос.
Јупитер во рак од 9 јуни ќе ја активира вашата 6-та куќа на секојдневието. За паровите, ова е време за создавање заеднички ритуали и активности. Слободните водолии ќе најдат љубов преку секојдневните интеракции или преку заеднички хобија со идниот партнер.
Соларната еклипса во девица на 21 септември ја активира вашата 8-ма куќа на интимноста. Ова е момент за длабоки емоции и зајакнување на врските. За паровите, ова е време за разговори за заедничка иднина и финансиски планови. Слободните водолии ќе бидат привлечени кон личности кои носат сигурност и длабока емоционална поврзаност.
На 30 ноември Венера влегува во стрелец и ја активира вашата 11-та куќа на пријателствата. Љубовта ќе доаѓа преку друштвени настани или заеднички пријатели.
Марс на 15 декември ќе премине во јарец, вашата 12-та куќа на интроспекцијата. Љубовта ќе добие подлабока, духовна димензија. Ова е време за простување, покажување разбирање и зајакнување на интимноста. За слободните водолии, ова е период на самоподобрување кое ќе ве подготви за нови љубовни можности.
2025 година ќе ја финиширате со чувство дека љубовта солидно ве наградила, но и дека најдоброто допрва ви претстои.
Пари и кариера
Во 2025 година вашата кариера ќе добие нова димензија, а вашите финансии ќе бидат стабилизирани со паметни одлуки и енергични потези. Ѕвездите ви носат моменти на значаен успех, нови можности за вработување, бонуси и финансиска сигурност.
Годината започнува со Јупитер во близнаци, кој од 4 февруари ќе се движи директно и ќе ја активира вашата 5-та куќа на креативноста и иновациите. Ова движење носи инспирација и енергија за започнување на нови проекти. Ако работите во креативна или технолошка индустрија, вашите идеи ќе бидат вреднувани, а успехот ќе дојде преку иновативен пристап. Оние што бараат нова работа може да добијат понуда која вклучува креативни или невообичаени задачи.
Соларната еклипса во овен на 29 март ја активира вашата 3-та куќа на комуникацијата и мрежите. Ова движење отвора врати за нови деловни контакти и договори. Ако размислувате за промена на кариерата или започнување на нов проект, ова е одличен ден за потпишување договори. Вашата способност да комуницирате јасно и уверливо ќе ве стави во центарот на вниманието, што може да доведе до брза заработка или унапредување.
Марс на 18 април влегува во лав, вашата 7-ма куќа на партнерствата, каде ќе остане до 17 јуни. Ова движење ќе донесе нови соработки или деловни партнерства. Ако сте размислувале за тимска работа или заеднички проект, овој период ќе биде полн со можности. Вашата енергија и мотивација ќе ви помогнат да ги остварите вашите цели, носејќи финансиски придобивки.
На 30 април Венера ќе влезе во овен, носејќи можности за заработка преку мрежи и комуникација. Ќе почувствувате дека вашиот труд конечно е вреднуван. Некои водолии може да добијат бонус или финансиска награда за успешно завршени проекти. Ако вашата работа е поврзана со продажба, маркетинг или пишување, ова ќе биде особено профитабилен период.
Полната месечина во шкорпија на 12 мај ја осветлува вашата 10-та куќа на кариерата. Ова е период кога ќе добиете признание за вашата работа. Оние што работат на важен проект може да очекуваат финансиски награди или покачување на платата. Ова движење носи достигнување на нов врв во вашата кариера, со зголемено чувство на стабилност и сигурност.
Јупитер на 9 јуни влегува во вашата 6-та куќа на рутините, носејќи стабилност и зголемување на приходите преку посветеност и дисциплинираност. Ако сте размислувале за промена на работното место или за дополнителна обука, ова е одлично време да ги реализирате тие планови. Ќе почувствувате дека вашиот труд и организираноста конечно даваат резултати.
Соларната еклипса во девица на 21 септември ја осветлува вашата 8-ма куќа на заедничките ресурси и инвестициите. Ова е одлично време за финансиски трансакции или инвестирање. Ќе се појават можности за профит од недвижности или деловни вложувања. Некои водолии може да добијат наследство или финансиска поддршка која ќе го трансформира нивниот буџет.
На 5 ноември полната месечина ќе ја осветлува вашата 4-та куќа на домот и недвижностите. Ова е идеално време за профит од недвижности, било преку купување, продажба или изнајмување.
На 30 ноември Венера влегува во стрелец, активирајќи ја вашата 11-та куќа на социјалните кругови. Очекувајте деловен успех преку групни активности или соработки. Ќе се најдете во позиција каде што вашата мрежа од контакти ќе ви донесе финансиски и професионални придобивки.
Марс на 15 декември влегува во јарец, вашата 12-та куќа на подготовките. Ова движење носи енергија за завршување на стари проекти и поставување на нови цели. Вашата работа „зад сцената“ ќе биде клучна за вашиот успех. Ќе се подготвувате за голем успех кој ќе дојде кон крајот на годината.
Во 2025 година ќе се најдете во позиција да преземете лидерство, да заработите повеќе и да ги реализирате вашите амбиции. Ѕвездите ве водат кон блескава иднина.
Здравје
2025 година носи значителни можности за подобрување на физичкото, менталното и емоционалното здравје на водолиите. Очекувајте значајни промени што ќе ви помогнат да се чувствувате поенергично и подготвени за сите животни предизвици.
Од 6 јануари до 24 февруари ретроградниот Марс ја активира вашата 6-та куќа на здравјето и рутините. Ќе почувствувате потреба за воведување ред во вашето секојдневие. Ова е време за размислување за вашите физички и ментални потреби, воведување на редовни превентивни прегледи и подобрување на начинот на исхрана.
Младата месечина во водолија на 29 јануари ја активира вашата 1-ва куќа на личноста, носејќи свежа енергија и мотивација. Ќе почувствувате дека е вистинско време за започнување на нов фитнес режим или активности кои ве исполнуваат со радост. Ова е одлично време за вежби на отворено или нови спортови кои ќе го зголемат вашиот ентузијазам.
Соларната еклипса во овен на 29 март ја осветлува вашата 3-та куќа на движењето и комуникацијата. Ќе бидете инспирирани да ја зголемите вашата физичка активност преку редовни прошетки, велосипедизам или други активности кои го стимулираат здравје.
Марс во лав од 18 април ќе ја активира вашата 7-ма куќа на партнерствата, а тоа носи можности за воведување заеднички активности со партнерот или пријателите, како танц, јога или други групни активности. Фокусирањето на заедничките цели ќе ви помогне да останете мотивирани и посветени на вашите навики за подобро здравје.
Јупитер во рак од 9 јуни ќе стави акцент на вашата 6-та куќа на здравјето и рутините, па ќе се посветите на долгорочни промени. Ќе почувствувате дека редовноста и стабилноста во рутините ви носат чувство на хармонија. Ако сте размислувале за промена на исхраната, воведување органски намирници или започнување нова програма за вежбање, ова е идеално време.
Соларната еклипса во девица на 21 септември ја осветлува вашата 8-ма куќа на трансформацијата. Ова е совршен ден за длабоки промени во вашиот животен стил. Ќе се фокусирате на емоционалното здравје, а медитацијата, терапијата или групните сесии ќе ви помогнат да постигнете внатрешен мир.
Венера на 30 ноември ќе ја активира вашата 11-та куќа на социјалните кругови. Ќе се најдете инспирирани од активности со пријателите кои го поттикнуваат здравјето, како заеднички тренинзи или излети. Социјалната поддршка ќе биде клучна за вашата мотивација да останете активни.
На 15 декември Марс влегува во Јарец и ја активира вашата 12-та куќа на интроспекцијата. Ќе почувствувате потреба за издвојување на повеќе време за себе. Ова е одличен период за активности што го стимулираат вашиот духовен раст, како медитација, пишување дневник или мирни прошетки во природа. Ќе успеете да ја зајакнете врската помеѓу вашиот ум и тело.
На крајот на годината, ќе се чувствувате физички силни, ментално смирени и емоционално стабилни.