Лав (23. VII – 22. VIII)

Петок, 12 Септември 2025

Денес ќе имате силна потреба за блискост. Ако чувствувате дека ви недостига внимание или разбирање, не ги потиснувајте тие емоции, изразете ги. Луѓето ќе ве разберат повеќе отколку што мислите.

Вечерта носи можност за длабоки разговори и романтични моменти. Ако не излегувате, направете атмосфера дома со тивка музика, свеќи и личност која ви го забрзува пулсот.

Септември, 2025

Љубов

Срцето на Лавовите ќе чука побрзо од обично овој септември. Планетите ви подготвуваат сцени полни со страст, искри и неочекувани пресврти. Таму каде што мислевте дека љубовта е тивка и предвидлива, ќе се појави пламен што ќе ве разбуди. Некои врски ќе станат посериозни, можеби и официјални, додека други ќе ви донесат возбудливи флертови и ноќи кои не се забораваат.

На 1 септември Сатурн ретроградно се враќа во вашата 8-ма куќа на интимноста и трансформацијата. Ќе почувствувате дека врските треба да се градат на доверба и искреност, па можно е да поставите сериозни прашања за иднината.

Со преминот на Меркур во Девица на 2 септември, вашата 2-ра куќа на вредностите станува активна. Разговорите со партнерот ќе бидат поврзани со заедничките приоритети, финансии и сигурност. Ако сте слободни, може да ве привлече личност која ви нуди чувство на стабилност и безбедност.

Ретроградниот Уран во Близнаци на 6 септември ја осветлува вашата 11-та куќа на пријателствата. Можно е одненадеж да откриете дека некој пријател има романтични чувства кон вас. Флертот може да се појави токму таму каде што најмалку го очекувате, односно во вашиот друштвен круг.

Лунарната еклипса на 7 септември носи пресврти. Ќе почувствувате дека нешто мора да се промени, па или врската ќе се продлабочи и ќе стане поинтимна, или ќе заврши ако не постои вистинска блискост.

Втората половина од месецот започнува со Меркур во вашата 3-та куќа на комуникацијата од 18 септември. Љубовните разговори ќе бидат шармантни и полни со флерт. Можно е токму преку порака или случаен дијалог да започне нова романса.

Со Венера во Девица на 19 септември, љубовта ќе се изразува преку подароци, внимание и малку луксуз. Ќе сакате да го израдувате партнерот со нешто убаво или пак вие ќе бидете изненадени од романтичен гест.

Младата месечина и соларната еклипса на 21 септември ја отвораат вашата 2-ра куќа и носат нов почеток. Ќе сфатите дека сакате врска што ви нуди и емоционална и материјална сигурност. За многу Лавови ова ќе биде момент на официјализирање со брак, свршувачка или заедничко живеење, или пак, отворање на сосема ново љубовно поглавје.

Со Марс во Шкорпија на 22 септември, вашата 4-та куќа на домот се полни со страст. Интимните моменти во домашна атмосфера ќе бидат највозбудливи, а можно е партнерот да предложи заеднички живот.

На истиот ден, Сонцето преминува во вашата 3-та куќа, па љубовната комуникација ќе добие шармантна и лесна енергија. Ќе се чувствувате како магнет за внимание, а љубовните пораки ќе се множат.

Пари и кариера

На првиот септемвриски ден, Сатурн со ретроградно движење влегува во вашата 8-ма куќа и ве поттикнува да преиспитате финансии, кредити или инвестиции кои ги споделувате со некого. Можно е да завршите со долгогодишен финансиски товар или да се подготвувате за нова форма на вложување.

Со Меркур во Девица на 2 септември, вашата 2-ра куќа на парите и вредностите ќе биде нагласена. Ова е време кога можете да донесете паметни одлуки за буџетот, да средите финансиски документи и да најдете нови извори на приходи.

Ретроградниот Уран на 6 септември во вашата 11-та куќа може да донесе неочекувани промени во групен проект или во тимска работа. Иако ситуациите ќе бидат непредвидливи, токму тие може да отворат врата кон иновативна заработка.

Со лунарната еклипса на 7 септември во вашата 8-ма куќа, ве очекува завршување на финансиска обврска, како отплата на долг, крај на кредит или трансформација на начинот на кој управувате со заеднички средства.

Меркур во Вага на 18 септември ќе ви донесе нови преговори, договори и можности за соработка. Ќе имате шанса да започнете проект кој ќе биде и креативен и финансиски исплатлив.

Со влегувањето на Венера во Девица на 19 септември, вашата 2-ра куќа ќе донесе финансиски олеснувања. Парите ќе доаѓаат полесно, а и вие ќе сакате да вложувате во убави предмети и услуги кои ви го прават животот поудобен.

Соларната еклипса и младата месечина во Девица на 21 септември носат нов почеток во областа на парите. Може да почнете нова работа, нов проект или да добиете прилив на средства кој ќе ви донесе поголема стабилност.

Со Марс во Шкорпија на 22 септември, вашата 4-та куќа ќе ве поттикне да вложувате енергија во недвижнини или во семејни финансиски проекти. Ќе сакате сигурност и темел за иднината.

На истиот ден, со Сонцето во вашата 3-та куќа, комуникацијата и договорите ќе бидат вашиот најсилен адут. Ќе знаете како да се претставите и да привлечете деловни можности.

Здравје

Со Сатурн ретрограден од 1 септември во вашата 8-ма куќа, на ваша адреса стигнува потсетување да се грижите за емоционалната и психичката рамнотежа. Ова е време за детокс и на телото и на умот.

Меркур во Девица од 2 септември ве поттикнува да внимавате на исхраната и навиките што директно влијаат на вашата енергија. Ќе сакате да создадете практичен план за подобро здравје.

Со ретроградниот Уран во Близнаци на 6 септември, можно е стрес поврзан со групни активности или пријателства да влијае врз вашето здравје. Затоа е важно да си дадете време за одмор и дистанца од хаосот.

Откако Меркур ќе премине во Вага на 18 септември, ќе ве мотивира да се движите повеќе. Пешачење, кратки патувања или едноставни физички активности ќе ви ја зголемат виталноста.

На 22 август со Сонцето во вашата 3-та куќа, ќе почувствувате дека хармонијата во умот и разговорите со блиските имаат лековито влијание врз вас.

Слаба точка месецов ќе ви бидат забите.

2025 година

Љубов

2025-та ќе биде година на страст, длабоки емоции и незаборавни љубовни моменти. Под влијанието на Венера, Марс и Јупитер, вашиот љубовен живот ќе биде како сцена од романтичен филм – полн со интензитет, романтика и авантури. Подгответе се за љубов која ќе ве трогне до длабочините на срцето, а можеби и ќе ви го промени потполно животот.

На почетокот на годината, Венера ќе танцува низ риби од 3 јануари и ќе ја активира вашата 8-ма куќа на интимноста и трансформацијата. Периодот од 3 јануари до 4 февруари ќе биде исполнет со мистерија и сензуалност. Ако сте во врска, вашата интимност ќе се продлабочи, а секој допир и бакнеж ќе кажуваат многу за вашата посветеност да го одржувате љубовниот оган. Сингл сте? Ова е период кога брзо ќе за вљубувате и импулсивно ќе реагирате на флертувачките сигнали од вашите обожаватели.

На 4 февруари, Венера влегува во овен, осветлувајќи ја вашата 9-та куќа на авантурите. Љубовта станува поле за откривање нови светови. Ако сте во врска, ова е време за патувања што ќе внесат освежување во односите. Замислете долги прошетки низ непознати улици, уживање во прекрасни зајдисонца и моменти како од фантазиите... сето тоа може да биде дел од вашиот живот. Слободните лавови ќе привлечат лице со нетрадиционални гледишта на животот, а секоја средба ќе им биде исполнета со треперење од возбуда.

Ретроградната Венера во овен од 2 до 27 март ќе ве врати во минатото, поттикнувајќи ве да размислувате за стари љубови. Можеби ќе се појави некој од вашето минато, разгорувајќи ги спомените и страста што некогаш сте ја споделувале. Ова е време за интензивни разговори, долги средби очи в очи и моменти кои можат да го оживеат она што сте мислеле дека е изгубено.

Соларната еклипса на 29 март во овен предвидува нови почетоци во љубовта. Вашата 9-та куќа ќе блесне, носејќи ви храброст да го следите срцето и да ги изразите вистинските чувства. За паровите, ова ќе биде ден за кроење на нови заеднички планови, а за слободните лавови, љубовта може да дојде оддалеку, преку неочекувана средба или патување.

Од 18 април по влегувањето на Марс во лав, љубовниот живот ќе биде исполнет со страст и сексуална енергија. Ќе зрачите со харизма, а вашиот партнер ќе биде маѓепсан од вашата сила и самодоверба. Ова е време за страсни бакнежи, долги романтични ноќи и моменти на уживање кои ќе ги стимулираат сите ваши сетила.

Полната месечина во шкорпија на 12 мај ќе ја активира вашата 4-та куќа на домот и семејството, носејќи топлина и интимност. Ова е идеален период за создавање на романтична атмосфера дома со свеќи, сензуална музика и кулинарски специјалитети. За лавовите со статус сингл, ова е ден кога на своја кожа ќе почувствуваат дека љубовта може да се појави на најнеочекуваните места.

Од 25 август до 19 септември Венера ќе престојува во вашиот знак и ќе ве поттикне да се фокусирате на себе и на тоа како љубовта ви носи радост и задоволство. Ќе сакате да ги преиспитате вашите потреби и желби, додека ја разгорувате вашата внатрешна искра. Неспорно е дека ќе привлекувате со бомбастична енергија и заводливост на која никој не може да одолее. Ако сте во врска, ова е време за повторно поврзување и внесување на нова енергија во вашиот однос со саканиот.

Движењето на Марс низ стрелец од 4 ноември ќе донесе авантуристички дух и страст во вашиот љубовен живот, активирајќи ја вашата 5-та куќа на романтиката, забавата и креативноста. Љубовта ќе биде полна со возбуда и огнена енергија, а вашето срце ќе трепери со секој нов момент на страст. Ако сте во врска, ќе почувствувате потреба да го освежите односот со партнерот преку нови заеднички активности – од романтични патувања до неочекувани гестови. Бакнежите ќе бидат топли и исполнети со страст, секој допир ќе го буди огнот меѓу вас, а еротската хемија ќе достигнува кулминација.

Марс во стрелец ќе остане до 15 декември и ќе ја зголеми вашата желба за експериментирање во љубовта. Лавовите со статус сингл ќе се чувствуваат како магнет за додворувачи – ќе привлекувате личности со кои споделувате слична страст за животот и љубовта. Вашите разговори со нови познаници ќе бидат исполнети со флерт, хумор и атракција, што ќе доведе до романтични моменти исполнети со адреналин. Секој бакнеж со нова личност ќе биде како ветување за незаборавна авантура, а секој поглед ќе ве носи кон нови возбуди.

Крајот на годината ќе биде исполнет со љубовна еуфорија. Откако на 30 ноември Венера ќе премине во стрелец, вашата 5-та куќа на флертот, страста и романтиката, љубовта ќе добие игрива и авантуристичка енергија. Замислете си вечери на свеќи, моменти на непрекината смеа и интензивна блискост кои неминовно ќе водат до зацврстување на врската. Секој бакнеж ќе биде како прв – исполнет со страст и треперење.

2025 година ќе биде незаборавна за лавовите кога е во прашање љубовта. Страста, авантурите и длабоките емоции ќе ви бидат водечки теми. Подгответе се за љубов која го опфаќа целиот спектар – од романтични бакнежи до страсни ноќи, од нежност до силна, трансформативна енергија која ќе го обликува вашиот живот. Ќе ја финиширате годината со срце исполнето со љубов која ќе трае и трае и трае.

Пари и кариера

2025-та ќе биде година на деловни блесоци и успеси за лавовите во полето на кариерата и финансиската стабилност. Ќе имате можности да ги покажете вашите лидерски способности, да ги зголемите приходите и да го унапредите вашиот статус и во компанијата во која работите и во општеството. Ѕвездите ве поттикнуваат да бидете амбициозни и да го следите вашиот инстинкт за успех.

На почетокот на годината, ретроградниот Марс во рак од 6 јануари ќе ја активира вашата 12-та куќа на подготовките. Ова ќе биде време за работа зад сцената, завршување на недовршените проекти и поставување долгорочни цели. Иако периодот до 24 февруари може да изгледа тивок, ќе поставите темели за идни успеси. Избегнувајте импулсивни одлуки и фокусирајте се на деталите.

На 4 февруари, Јупитер ќе премине во директно движење во близнаци, акцентирајќи ја вашата 11-та куќа на тимската работа и бизнис мрежите. Ќе имате можности за проширување на контактите, вклучување во нови проекти и зајакнување на вашето влијание во професионалниот свет. Лавовите што бараат работа може да најдат идеално работно место преку познаници. Вашата способност за преговарање ќе ви донесе поволни договори и нови извори на приход.

Соларната еклипса во овен на 29 март ќе ја активира вашата 9-та куќа на визиите и експанзијата. Ова е ден за нови почетоци во кариерата – можеби ќе добиете можност за работа во странство, ќе се запишете на курс кој ќе го унапреди вашиот професионален профил или ќе започнете проект што ќе донесе значителни финансиски придобивки. Ќе бидете инспирирани да ризикувате и да преземете иницијатива за нешто што долго време го посакувате.

На 18 април Марс влегува во вашиот знак. Во периодот до 17 јуни ќе зрачите со харизма и самодоверба, што ќе ви помогне да го освоите вниманието на претпоставените и клиентите. Ќе бидете подготвени да ги покажете вашите способности и да го барате она што го заслужувате. Ова е идеално време за преговарање за покачување на платата или започнување нов бизнис.

Јупитер кој влегува во рак на 9 јуни ќе донесе чувство на сигурност и стабилност во вашиот финансиски живот. Ова движење на планетата на богатството и среќата ќе ве поттикне да се фокусирате на долгорочни инвестиции и да размислувате стратешки за вашите приходи. Ќе почувствувате зголемен прилив на пари преку стабилни извори, но ќе бидете инспирирани и да вложите во проекти што носат траен успех.

Полната месечина во шкорпија на 12 мај ќе ја активира вашата 4-та куќа на домот и стабилноста. Ова е време за завршување на големи финансиски трансакции, како купување или продажба на имот. Ќе почувствувате дека вашите напори конечно носат плод, а стабилноста што ја создавате ќе биде темел за иднината.

На 21 септември соларната еклипса во девица ќе ја осветли вашата 2-ра куќа на парите и ресурсите. Ова е период кога ќе се отвораат можности за зголемување на приходите. Можеби ќе добиете покачување, бонус или нова деловна понуда која значително ќе го подобри вашиот финансиски статус.

Со Венера во стрелец од 30 ноември, вашата 5-та куќа на креативноста ќе донесе можности за заработка преку проекти што го истакнуваат вашиот талент и страст. Ако работата ви е поврзана со уметност, забава или маркетинг, ќе добиете признание и финансиска награда за вашите напори. Ќе се чувствувате исполнето, бидејќи вашата креативност конечно ќе носи материјални резултати.

Ќе завршите 2025 година со јасна слика за тоа што сте постигнале и со планови за следниот голем успех.

Здравје

2025-та ќе биде година на воспоставување на баланс за вас, драги лавови.

На 6 јануари ретроградниот Марс во рак ја активира вашата 12-та куќа на интроспекцијата и одморот. Ќе почувствувате потреба да забавите и да се фокусирате на релаксација. Ова е одлично време за воведување медитација, јога или други методи за намалување на стресот. Ќе се ослободите од емоционалниот товар и ќе создадете ментална бистрина.

Откако на 18 април Марс ќе влезе во вашиот знак, ќе добиете силен поттик за практикување на редовна физичка активност. Ќе бидете полни со животна сила, што ќе ве инспирира да му се вратите на спортот или да започнете нов фитнес режим. Вашето тело ќе реагира позитивно на секоја активност што ќе ја преземете, па ова е одличен момент да ја зајакнете вашата физичка форма.

Јупитер во рак од 9 јуни ќе донесе можности за емоционално исцелување. Ќе ги истражувате длабоките емоции што сте ги потиснувале. Ова ќе биде период за лечење на стари рани и за воведување на рутини кои го одржуваат вашиот ментален и емоционален мир. Терапија, разговор со блиски или пишување дневник ќе бидат корисни алатки за воспоставување на внатрешна хармонија.

Соларната еклипса во девица на 21 септември ќе ја активира вашата 2-ра куќа на вредностите, носејќи важни сознанија за вашите здравствени навики. Ова е време кога ќе бидете инспирирани да ја ревидирате вашата исхрана и да го подобрите начинот на кој се грижите за вашето тело. Можеби ќе почувствувате потреба да започнете диета или да се фокусирате на храна што ви дава повеќе енергија.

На 15 декември Марс влегува во јарец, активирајќи ја вашата 6-та куќа на здравјето и рутините. Во последните две недели од 2025 година, ќе сакате да го структурирате начинот на живот и да воведете дисциплина во секојдневните активности. Редовните прегледи, физичката активност и добриот сон ќе ви станат приоритет. Ќе се чувствувате посилни и поспремни да се соочите со сите предизвици.

Со овие планетарни влијанија, 2025 година ви носи можности за целосна трансформација на здравјето. Ќе имате шанса да создадете навики што ќе ви носат корист на долг рок, а вашиот позитивен пристап ќе ве води кон виталност и благосостојба.

Општи карактеристики за лав

Лавот е управуван од Сонцето, кое што е центар на нашиот сончев систем. Кога целиот универзум се врти околу вас, тешко е да бидете скромни. Ако вашиот знак е лав, тогаш вие се сметате за центар на светот и понекогаш сте во право! Исто како сонцето и лавот загрева сè наоколу со неговата драма и со начинот на комуникација. Кога сонцето заоѓа е многу ладно, така е и кога „заоѓа“ расположението на лавот.

Вашите пријатели знаат дека секогаш треба да ве прават среќни и весели или ќе има драма. Покрај тоа што сте егоцентрични вие сте родени лидери и поседувате силен личен магнетизам. Вашата способност да раководите секогаш ви гарантира успех.

Вие се стремите кон власт многу повеќе од другите знаци и тоа ве прави егоисти, а понекогаш дури и смешни во очите на другите. Вистината е дека вие имате огромно срце и сте најдобродушниот знак во хороскопот. Секогаш сте покрај луѓето кои ги сакате за да им помогнете, да ги разгалите или за да ги заштитите.

Во љубовната врска се стремите да блескате. Романтични сте и давате се од себе кога сте ценети од партнерот и кога постојано вниманието е насочено кон вас. Вие сте секогаш среќни кога ви се обрнува внимание. Запомнете дека луѓето ја искажуваат својата љубов на различни начини и никој не може да го направи тоа како вас.

Вашите цели секогаш се тешки за постигање. Огромната енергија, која што треба да ја вложите е неразбирлива за другите.

Симбол:
Лав

Симболизира:
Енергичност, креативност, гордост, суета, големина, власт, слава.

Елемент:
Оган

Планета:
Сонце

Ден од седмицата:
Недела

Боја:
Жолта, златна и виолетова.

Број:
1

Скапоцени камења:
Злато и дијаманти.

Најдобри професии:
Директори, управници, политичари, претседатели, модели, економисти, спортисти, декоратори, педијатри, кардиолози и секоја професија поврзана со творење и креативност.

За да се спријателите со нив:
Соработувај со нив и обиди се да им го следиш брзиот ритам.

Дел од телото:
Срце, горниот дел од грбот, 'рбетниот столб.

Добри карактеристики:
Смели, мили, добродушни, лојални, чесни, забавни, креативни, добри организатори, отворени, со добро чувство за хумор, комуникативни, добри љубовници, лидери.

Лоши карактеристики:
Арогантни, горделиви, незрели, егоисти, љубоморни, нештедливи, агресивни, сурови, мрзливи (особено мажите), имаат преголема желба за власт.

Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Карактеристична бујна коса, надмено однесување.

Омилени работи:
Театри, камери, DVD-a, богати десерти, црвени рози, разменување на подароци, пеење, комплименти.

Работи кои ги мразат:
Да бидат игнорирани, сребрени медали наместо златни, лесна храна, да бидат сами, збогувања.

Можете да ги најдете:
Режирајќи нивни сопствени филмови, вовлечени во љубовна авантура, кандидирајќи се за претседатели.

Скриена желба:
Да владеат со светот!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28972 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.